20.9 C
Ohrid
недела, август 10, 2025
ПочетнаЗабава12 години се раѓале само женски деца, претседателот дава парична награда за...

12 години се раѓале само женски деца, претседателот дава парична награда за тој што ќе направи машко дете…

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Речиси 10 години, само женски бебиња се раѓаат во селото Мијеске Одрзанске во Полска.

<

Само 300 луѓе живеат во овој мал град кој се наоѓа на југот на Полска, во близина на границата со Чешката Република. Во изминатата деценија, родени се 12 бебиња, ниту едно момче.

Необичен случај ги заинтригира медиумите овој месец, а овој феномен го пренесуваат и познати меѓународни медиуми.

Претседателот на локалната заедница, Рајмунд Фриско, кој е татко на две ќерки, понуди парична награда на првиот брачен пар кој ќе станат родители на момче.

-Имаше толку многу медиуми што пишуваа за нас што дури размислував да ја именувам улица по името на првото момче кое ќе се роди следно. Дефинитивно тоа би било убав подарок. Ќе засадиме даб и ќе го именуваме по него, изјавил Фриско за британскиот Телеграф.

 

Полот на бебето зависи од тоа дали спермата на нивниот татко носи хромозом X или Y.

Х-хромозомот е комбиниран со истиот мајчински хромозом, во тој случај се произведува женско дете (XX). Од друга страна, ако Y хромозомот на таткото е комбиниран со Х хромозомот на мајката, се создава момче (XY). Ако мажот има ист број на Х и Y хромозоми, веројатноста е 50:50 дека бебето ќе биде момче или девојче.

Таквиот случај ги заинтригирал и научниците кои покажале интерес за селото, но досега не е направено конкретно истражување за генетиката на популацијата.

Сепак, можно е ова да биде само случајност, како што смета Крег Андерсон, професор по статистика на Универзитетот во Глазгов.

-Под претпоставка дека има приближно 50:50 шанса парови да имаат момче или девојче, тој проценува дека веројатноста да имаат 12 последователни девојчиња во ова село е 1/4096. Ова е теоретски многу мала шанса, но во пракса секоја последователна секвенца на момчиња или девојчиња е подеднакво веројатна, рече професорот.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Началникот ќе биде разрешен: Внатрешна контрола констатира непрофесионално однесување !!

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека Одделот за внатрешна контрола при МВР, по извршени проверки во врска со објавеното видео за време...

Ново убиство ја потресе Македонија- Телото на убиениот сеуште е во автомобилот.

Едно лице е убиено откако беше нападнато со огнено оружје при тешкиот инцидент што се случи денеска во Тетово, информира ТВ21. Неофицијално, убиството е извршено...

Се запали глисер на брегот на Охридското Езеро.

Денеска попладне во туристичката населба Елешец, на брегот на Охридското Езеро, избувнал пожар на глисер. Според првичните информации, огнот брзо се проширил, а густ чад...

,,Градоначалникот Пецаков на уникатното автомобилско шоу под охридското небо”

Вечерва, под отвореното небо на нашиот прекрасен град, се одржа третото издание на Night Car Show, каде на едно место се собраа заедно сите...