22.9 C
Ohrid
недела, јули 20, 2025
ПочетнаМакедонијаИскра Канзурова: Ми ја полнеа главата со лоши работи за Игор, тој...

Искра Канзурова: Ми ја полнеа главата со лоши работи за Игор, тој засекогаш ќе остане во моето срце…

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

По пауза од пет години, водителката на некогашната семејна емисија „Дом и дизајн”, Искра Канзурова се врати на малите екрани со емисијата во живо „Збор по збор”, на ТВ Алфа. Во интервју за „Свет“ Искра вели дека живиот програм носи голема одговорност, бидејќи се што ќе изговориш , дали те боли грло, дали си уморен, публиката регистрира.

<

Тоа што нема влакна на јазикот вели и донело повеќе непријатели од пријатели.
– Сакам до мене да имам луѓе кои ќе ми ја кажуваат вистината, не сакам некој што само ми клима со глава, што трепка и што постојано се одобрува. Поаѓајќи од себе мислев дека и другите се такви, но испадна дека не е така, Сепак си ги имам вистинските пријатели,а јас на овие години не можам да се менувам веќе, и не размислувам веќе на таа тема. Таква сум, каква што сум, ќе забегаш ако се обидуваш да те сакаат сите – вели Искра.

Денес сопруга и мајка на две дечиња, на прашањето во какви односи е со својот поранешен сопруг Игор Џамбазов, Канзурова вели дека со него нема никаков контакт.

– Нормално дека тој беше дел од мојот живот и ќе остане дел од него, јас не бегам од тоа. Нашиот развод не беше некултурен и нецивилизиран, едноставно беше нешто што на двајцата ни стана јасно дека ќе се случи. После нашиот развод ако за нешто сум му благодарна е тоа што немам лоши зборови чуено од него за мене, но ни тој од мене за него. Сепак бевме доста позната двојка и обично познатите двојки успеваат да подлегнат на озборувањата на публиката.

Сигурна сум дека него му ја полнеле главата со мене, на мене ми ја полнеа главата со лоши работи за него. Но ние си останавме коректни еден кон друг. И никогаш во јавност не сме изнеле нешто за другиот што тој не би сакал да се знае. Игор се си кажува сам во своите книги, во своите интервјуа, јас никогаш немам ниту дополнето ниту негирано нешто од тоа, за тоа сум му многу благодарна – вели Искра.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Вечерва e пронајдено безживотно тело близу познат хотел во Охрид.

Вечерва околу 19:50 часот службите за итна медицинска помош и екипи од Министерството за внатрешни работи (МВР) извршија увид на рампата што води кон хотелскиот...

Богојески: Не бев разрешен, дадов оставка, но уште сум директор

Ниту сум разрешен од директор на Националната агенција, ниту се шетам со државни пари, ниту е испратено писмо од ЕУ! Јас поднесов оставка од...

Мицкоски: Околу 1100 -1200 работници работат по целата траса на автопатот до Охрид

Во овие 8 месеци работат на потегот од Климештани до Охрид над 400 камиони, над 100 булдожери од различни типови се вклучени исто така...

Градоначалникот Пецаков и пратеникот Сашо Донев, на чествување на Св. Недела во село Плаќе.

Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, заедно со пратеникот Сашо Донев, секретарот на Општина Охрид Александар Китески и бројни верници, денес присуствуваа на одбележувањето на...