11.9 C
Ohrid
недела, октомври 13, 2024
ПочетнаМакедонијаСДСМ: Играч на ВМРО ДПМНЕ го депонирал медицинскиот отпад во Дрисла

СДСМ: Играч на ВМРО ДПМНЕ го депонирал медицинскиот отпад во Дрисла

Вината и одговорноста за скандалот со несоодветно третиран медицински отпад е целосно во белата палата, кај ВМРО-ДПМНЕ, обвинија социјал демократите.

“Фирмата „Еко-Клуб“ е во сопственост на Сашо Јанакиески, многу близок соработник на Никола Груевски на ВМРО-ДПМНЕ. Сашо Јанакиески, сопственикот на „Еко клуб“ беше поставен за директор на унгарски трговски куќи во Скопје. Сашо Јанакиевски е почесен конзул за Македонија на унгарскиот премиер Виктор Орбан, премиерот кој му даде азил на Никола Груевски. Еко клуб“ е битолска фирма, која дебело се офајдила во времето на ВМРО-ДПМНЕ – тоа се гледа во бројните тендери од времето на вмросвскиот градоначалник на Битола, Владимир Талески. Потенцираме – Сашо Јанакиевски, бизнис играчот на ВМРО-ДПМНЕ, го депонирал медицинскиот отпад во Дрисла без при тоа да го обработи и уништи на соодветна машина што е надвор од прописите и договорите. Таквиот отпад иако не смеел, го носел во дпонијата Дрисла бидејќи тоа му го овозможуал уште еден кадар на ВМРО-ДПМНЕ” изјави портпаролот на СДСМ на прес конференција одржана пред седиштето на опозициската ВМРО ДПМНЕ.

Во својата портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов за овој проблем го обивни и поранешниот директор на Дрисла, Горан Ангелов.

“Тоа е истиот Ангелов кој преку негова фирма во Бугарија вршел незаконски увоз на контејнери опасен отпад од Италија и за кого се води истрага во соседна Бугарија.
Ако се знаат сите овие релации и пријателства на кадрите на ВМРО-ДПМНЕ тогаш јасно е кој стои зад ужасот со медицинскиот отпад и кој поттикнувал потенцијална опасност од ширење зарази. Тоа е ВМРО-ДПМНЕ која заради профит на поединци свесно го загрозувала здравјето на граѓаните и ја загрозувала животната средина. ВМРО-ДПМНЕ ги труе луѓето со отпад. ВМРО-ДПМНЕ штети на здравјето на луѓето!” изјави Костадинов.

Тој во својата изјава го повика обвинителството итно да го решат случајот.

Во врска со овој случај претходно на ФБ се огласи и лидерот на СДСМ, Зоран Заев:

“Како граѓанин на оваа држава, како родител и како одговорен политичар, не можам да поверувам дека човечки органи и медицински материјали се третирале аматерски со потенцијална опасност за пренесување на зарази врз луѓето. Подвигот на градскиот инспектор да упадне во „Еко клуб“, да направи фотографии и да ја фати на дело фирмата која опасниот отпад го третирала несоодветно, треба да претставува мотив за надлежните институции за што побрзо решавање на случајот. Нема да дозволиме некој да профитира врз здравјето на нашите сограѓани. Заврши времето кога никој не водеше сметка за екологијата и здравјето и кога се замижуваше пред вакви скандали“, напиша Заев меѓу другото на Фејсбук.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Во липковско полицијата пронајде дрога и оружје.

Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи – Единица за недозволена трговија со оружје, опасни материи...

На денешен ден Колумбо ја открил Америка

На денешен ден во 1492 година прочуениот италијански морепловец Кристофер Колумбо (1451-1506 г.), во служба на Шпанија, по двомесечно пловење, пристигнал на бахамскиот остров...

Децата што се обиделе да силуваат соученик во Ѓорче Петров се првачиња !!!!

Случајот со нападнатото дете во Ѓорче Петров добива посериозна димензија, откако се дознава дека во инцидентот биле вклучени деца од прво одделение. Нападот на...

По повод 11 Октомври, 1200 ученици од Прилеп го формираа македонското знаме!

На плоштадот „Матодија Андонов Ченто“ во Прилеп, околу 1200 основци и средношколци денес го формираа македонското знаме во чест на националниот празник „11 Октомври“.