30.9 C
Ohrid
среда, август 13, 2025
ПочетнаМакедонија20 години затвор за убиецот на Ристо Иљашев чие тело беше пронајдено...

20 години затвор за убиецот на Ристо Иљашев чие тело беше пронајдено во браната „Турија“

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Судскиот совет при Основниот суд во Струмица на чело со судијката Цона Каламерникова го прогласи за виновен Марјанчо Велев (54) од село Добрејци, струмичко, за убиство на струмичанецот Ристо Иљашев и му определи казна затвор во траење од 20 години – објави Медиумска информативна агенција (МИА).

<

Одлуката денеска ја соопшти судијката Каламерникова и обраложи дека на 7 мај лани на подмолен начин Велев го лишил од живот Иљашев.

„Откако се сретнале во Струмица со своето возило го однел во неговата работилница во село Добрејци и со малокалибарско оружје му пукал во пределот на тилот. Потоа го завиткал телото на покојникот во фолија и го ставил во буре во кое ставил 13 метални дискови, го засекол бурето на две места за да може да влезе вода во него и го фрлил во водите на брана „Турија“. Со ваквите дејства обвинитетиот сторил кривично дело убиство и се осудува на казна затвор во траење од 20 години“ – рече судијката Цона Каламерникова.

Од семејството на убиениот Иљашев рекоа дека не се задоволни од висината на пресудата и очекувале доживотна казна затвор.

Одбраната на осудениот најави дека ќе поднесат жалба до Апелацискиот суд и ќе бараат повторно отворање на постапката.

Инаку, полицијата го сомничи дека е сторител и на уште едно убиство врз 62-годишниот А.М., извршено на 9 октомври 2018 година, а телото на убиениот затворено во камионски резервоар за гориво беше извадено од браната „Турија“ на 5 август лани. За овој случај ОЈО Струмица се уште нема подигнато обвинение.

МИА

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Ohrid Water Festival 2025: Две недели спорт, рекреација и култура на Охридското Езеро

Со денешната прес конференција заедно со претседателот на „Ohrid Water Festival“, Никола Вретоски, го најавивме овогодинешното издаени кое ќе се одржи од 16 до...

Не сум исчезната, премажена сум: Пресврт во случајот со исчезнатата жена од неготинско Војшанци

Јас сум жива и здрава, не сум исчезната, туку се премажив, со овие зборови до нашата редакција се обрати жена која тврди дека е...

Македонец осуден на осум години затвор во Бугарија и казна од 50.000 лева

Бугарските медиуми денеска известуваат дека Окружното обвинителство во Ќустендил спроведе судски акт кој стапи на сила, со кој 34-годишниот Г.Н., државјанин на Северна Македонија,...

Охриѓанец со ЈУГО киднапирал 60-годишна жена.

На 12.08.2025 во 22:05 часот во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода З.Ј.(59) од Охрид, постапувајќи по претходна пријава дека...