10.4 C
Ohrid
петок, март 14, 2025
ПочетнаМакедонијаАлбанка од Драч: Не ме интерисираше за кого се мажам во Македонија,...

Албанка од Драч: Не ме интерисираше за кого се мажам во Македонија, дали е стар или млад, избегав од пуста сиромаштија…

spot_img

Саша се ожени со Албанка независно од многуте предрасуди. Вели дека нема лоши Албанци, Македонци или Срби, туку има луѓе и нелуѓе…

<

Во потрага по подобар живот, во 2012 година, Елида Хоџа од албанскиот град Драч дојде во Македонија и се омажи за Саша Алексиќ, по потекло Србин. Таа сега живее во домот на нејзиниот сопруг кој е 17 години постар од неа, во селото Старо Нагоричани, во руралната општина со истото име, во близина на границата со Србија.

– Роднина на татко ми дојде кај нас и ме праша дали имаш желба да се омажиш, да имаш семејсто. Му реков да. Ми одговори дека имал еден пријател од Македонија со име Саша доколку сакаш да го запознаеш ќе го донесеме тука да се запознаете. Реков нема проблем нека дојде. Саша дојде во Албанија, се видовме еден со друг. Што да видам фамилијарен човек, домаќин. И ние го гледаме човекот дали е фамилјарен, а не колку е убав или колку коса има на глава. Туку битно е да е човек. Се видовме, си се допаднавме и направивме веридба – раскажува Елида за весникот „Лајм“.

Таа додава дека семејството на Саша е многу добро. Елида се грижи за домот, за добитокот, за родителите на Саша и вели дека е среќна покрај нејзиниот сопруг со кого има три деца. Данило, Сергеј и Анастасија не знаат многу зборови на албански, иако и двајцата родители, Елида и Саша, инсистираат да го учат и мајчиниот јазик.

Саша се оженил со Албанка независно од многуте предрасуди. Вели дека за него нема лоши Албанци, Македонци или Срби, туку има добри или лоши луѓе.

– Не ми е важно што мислат соседите, роднините, пријателите, јас живеам со сите добро – вели Саша.

Освен за добитокот и домашните обврски, Елида се грижи и за родителите на Саша. Тие, пак, велат дека се презадоволни од нивната невеста.

Елида раскажува како се грижи за родителите на нејзиниот сопруг и додава дека тоа и е обврска оти е невеста во оваа куќа.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Пуцко Петрол: Никогаш не сме доставувале мазут до ЕСМ

Компанијата „Пуцко Петрол“ тврди дека непотребно се споменува во целиот случај, и никогаш не доставувала мазут до ЕСМ. . Компанијата „Пуцко Петрол“ тврди дека непотребно се...

Уапсен велешанец, низ тераса им ја фрлал дрогата на муштериите

Вчера во 09.10 часот, по преземени мерки и активности, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога при СВР Велес го лишиле од...

Доживотен затвор за Елвин Куртовиќ за убиството кај Мавровка

Судијката Моника Бахчовановска го осуди Елвин Куртовиќ на доживотен затвор за убиството кај Мавровка, пренесе 4news. Убиството се случи на 20-ти август минатата година кај...

Протест во сабота против изградба на регионална депонија во Новаци

И покрај уверувањата на властите дека изградбата на регионалната депонија во Новаци нема да има негативни импликации битолчани се помасовно даваат поддршка за саботниот...