14.9 C
Ohrid
сабота, јули 19, 2025
ПочетнаМакедонијаДа беше жив денес ќе полнеше 74 години, среќен роденден Џумерко..

Да беше жив денес ќе полнеше 74 години, среќен роденден Џумерко..

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Благоја Спиркоски Џумерко е роден на 6 Февруари 1946 година во Прилеп од татко Киро и мајка Марија.
Бил член на Народниот театар во Прилеп од 1966 година се до неговото пензионирање.
По долго боледување се упокои во Господа на 11 Јуни, 2015 година во Прилеп.

<

Никогаш да не го заборавиме човекот кој го олицетвори итроманецот Пејо! Човекот кој секогаш знаеше да не насмее од срце! Неговиот дух на сцената секогаш го претставуваше обичниот, доблесен Македонец! Со добрата мисла, мрсниот јазик, думите од нашите прадедовци и уникатниот изглед (бркови и мевот) од вечноста ни го доближуваше едноставниот, обичниот Македонски човек кој при животот го краселе и убавините и фаленките!

Секогаш кога говориме за ликот на Итар Пејо од приказните, прво што ни доаѓа на памет е овој човек! Благоја Спиркоски Џумерко, легенда за цела Македонија, а најдобро го познаваа прилепчани! Македонија изродила многу незаборавни ликови кои го одбележале векот а под актерското небо меѓу Ѓорѓи Колозов, Петре Прличко, Дади, Ванчо Петрушевски е и легендарниот лик на Благоја Спирковски Џумерко! Неговото име засекогаш ќе остане Пејо, а неговиот ведар и шегобиски дух засекогаш ќе останат впишани во колективната меморија на Македонците! Историја!
Фотографија: Д-р Владимир Плавевски.
Текст: Горан Марковски.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Гест за почит: Скопски таксист не му наплати на Јанко – „Фала ти за љубовта кон Македонија“

Колумбиецот Јанко, кој во последните години стана препознатлив по тоа што пее песни на македонски јазик и со својата харизма ја промовира нашата култура...

Каја Шукова кандидат на СДСМ за градоначалник на Скопје

Претседателот на СДСМ Венко Филипче попладнево на прес-конференција објави уште еден дел од кандидатите за локалните избори, по состанокот на Извршниот одбор на партијата,...

Исчезнато 13-годишно девојче е пронајдено кај 33-годишен маж во Џепчиште

Рано утрово во тетовското село Џепчиште, во домот на 33-годишен маж е пронајдено 13-годишно девојче кое мајката претходно го пријавила како исчезнато, соопшти МВР....

Турист од Босна починал на плажа во Охрид.

На 17.07.2025 во 14.25 часот во СВР Охрид е пријавено дека од плажа на брегот на Охридското езеро во Ј.З.У. „Специјална болница за кардио-васкуларни...