26.9 C
Ohrid
вторник, јули 1, 2025
ПочетнаЗабаваМногумина се обидувале, но Кирк Даглас со еден повик успеал да договори...

Многумина се обидувале, но Кирк Даглас со еден повик успеал да договори средба со Тито

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Добро познат факт е дека Јосип Броз Тито бил голем љубител на холивудските филмови, па затоа не е чудно тоа што го искористил престојот на Кирк Даглас во СФРЈ за да се сретне со познатиот актер.

<

Холивудската легенда Кирк Даглас, кој почина вчера на 103-годишна возраст, своевремено во своите мемоари ја опишал средбата со Јосип Броз Тито. Како голем обожавател на седмата уметност, Тито испратил приватен авион за актерот и неговата сопруга.
“Бев во Југославија и сакав да се сретнам со претседателот Тито. Британскиот амбасадор ми рече: ‘Драг мој, јас веќе шест недели чекам претседателот Тито да ме прими на десет минути за да му дадам акредитиви. Немаш шанси’”, се присетил Даглас.

Според неговите зборови, кога излегол од канцеларијата на амбасадорот, тој го повикал претседателскиот кабинет. Следното утро Тито испратил приватен авион кој ги пренел Кирк и неговата сопруга до Љубљана, каде цели три часа разговарале и шетале.

Ми рече дека ги гледал сите мои филмови, а омилен му беше “Gunfight at the O.K. Corral”. Ми рече и дека обожува да гледа филмови бидејќи барем накратко му го одвлекуваат вниманието од проблемите со кои се соочува”, рекол Кирк во интервју со Роџер Еберт.

Холивудскиот актер се сеќавал и на средбата со британскиот амбасадор потоа, кој бил бесен поради фактот што Кирк веднаш успеал да договори средба со Тито, а тој шест недели не успевал во тоа.
“Вие поминавте три часа со Тито, а јас не можам ни десет минути. Кажете ми, ве молам, како ви успеа?”, го прашал амбасадорот, а Даглас едноставно му одговорил:

“Господине амбасадору, колку филмови имате снимено вие?”.

Извор Точка

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Март Кос: Идентитетот ви се манастирите, погачата, тавче-гравче, пинџурот или полнетите пиперки!

Еврокомесарката за проширување Март Кос вели дека идентитетот не може да биде предмет на политичко одлучување, бидејќи идентитетот е нешто што си го носиме...

Охриѓанец во ноќен клуб си ја истепал сопругата.

На 01.07.2025 година во 09.15 часот, лишен од слобода е С.Г.(35) од Охрид кој на 30.06.2025 година во 22.10 часот, во ноќен клуб во...

Тошковски: Апсењето во Струмица беше филмско, планирале дрогата да ја изнесат надвор од Македонија

Три лица уапсени, автомобилот бил полн со дрога, постоел план за нејзино изнесување од Македонија. Ова се клучните детали од вчерашната акција во Струмица,...

Битолчанец во казино претепал доктор, па потоа ја нападнал и полицијата !!!

Предложен притвор за осомничен за напад врз лекари и полицајци Основното јавно обвинителство Битола поведе постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека...