22.9 C
Ohrid
недела, јули 20, 2025
ПочетнаМакедонијаЛоши вести за ,,Медена земја” – синоќа на настанот предвесник на Оскарите...

Лоши вести за ,,Медена земја” – синоќа на настанот предвесник на Оскарите победи ,,Американска фабрика”

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Синоќа документарецот „Американска фабрика“ ја освои престижната американска награда Независен дух (Independent Spirit) за најдобар документарец, која е оскаровски предвесник.

<

На 24-часа пред доделувањето на Оскарите ги победи конкурентите „Медена земја“ на Тамара Котевска и Љубо Стефанов, кој има историски две номинации како прв филм што е номиниран и за најдобар документарец и за најдобар странски филм, и најнаградуваниот документарец на сезоната, сирискиот „За Сама“. „Американска фабрика“ на Стивен Богнар и Џулија Рајхард, за пропаднатата фабрика на Џенерал моторс во Дејтон, Охајо што ќе ја купи кинески милијардер, е прв филм во продукција на новата фирма на Барак и Мишел Обама „Хајер граунд“, а дистрибутер е гигантот Нетфликс.

„Збогум“ на Лулу Вонг, кој е снимен на кинески јазик со азиски и азиско-американски актери, освои Независен дух за најдобар филм.

На церемонијата за наградите што се одржува во шатор на плажа во Санта Моника во Лос Анџелес, „Медена земја“ сепак беше меѓу ѕвездите на вечерта, кога водителката пред една пауза најави дека во чест на филмот „ќе пуштиме илјадници пчели во салата. Нееее!“.

Оваа награда ја доделува Здружението на независните филмаџии на САД, номинациите ги селектира комитет од 50-на членови, а за наградите гласаат над 6.000 членови.

Специфично е што се квалификуваат филмови кои се снимени за буџет не поголем од 22,5 милиони долари

Единствениот македонски филм кој досега ја освоил наградата Независен дух е „Пред дождот“ на Милчо Манчевски, во 1995 за најдобар странски филм. „Пред дождот“ истата година беше и меѓу петте номинирани за Оскар.

Јужнокорејскиот „Паразит“ на Бонг Јонх-хо, кој има 6 номинации за Оскар меѓу кои и за најдобар филм и за режија, а е конкурент на „Медена земја“ во категоријата најдобар странски филм, освои Независен дух во оваа категорија.

Браќата Бени и Џош Сафди победија за најдобар режисер за „Небрусен дијамант“, а Адам Сандлер за најдобар актер за истиот филм.

Рене Зелвегер победи за главна женска улога за „Џуди“, за што е и номинирана за Оскар.

Ноа Баумбах освои Независен дух за најдобро сценарио за „Брачна приказна“, за што за Оскар е номиниран и за најдобар филм.

Доделувањето на Оскарите утре ќе почне во 2 часот по полноќ во Кодак театарот во Лос Анџелес, а во екипата на „Медена земја“ што ќе прошета по црвениот килим е и главната протагонистка Атиџе Муратова.

Извор: СДК.мк

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Вечерва e пронајдено безживотно тело близу познат хотел во Охрид.

Вечерва околу 19:50 часот службите за итна медицинска помош и екипи од Министерството за внатрешни работи (МВР) извршија увид на рампата што води кон хотелскиот...

Богојески: Не бев разрешен, дадов оставка, но уште сум директор

Ниту сум разрешен од директор на Националната агенција, ниту се шетам со државни пари, ниту е испратено писмо од ЕУ! Јас поднесов оставка од...

Мицкоски: Околу 1100 -1200 работници работат по целата траса на автопатот до Охрид

Во овие 8 месеци работат на потегот од Климештани до Охрид над 400 камиони, над 100 булдожери од различни типови се вклучени исто така...

Градоначалникот Пецаков и пратеникот Сашо Донев, на чествување на Св. Недела во село Плаќе.

Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, заедно со пратеникот Сашо Донев, секретарот на Општина Охрид Александар Китески и бројни верници, денес присуствуваа на одбележувањето на...