5.8 C
Ohrid
вторник, март 31, 2020
Почетна Македонија Почина малиот Дарин, момчето за кого се молеше цела Македонија, тој и...

Почина малиот Дарин, момчето за кого се молеше цела Македонија, тој и неговата сестричка не се повеќе со мама и тато…

Translate (Eng):[gtranslate]

„Убавото лавовско срце Дарин си замина кај дедо Боже… беше само едно мало детенце, а нé обедини толку многу души во име на сочувство и љубов. Како вистински јунак.
Бог да им даде сила и утеха на родителите. Tanja, Blasko, примете искрено сочувство“, напиша Марија Стојанова, која вчера побара молитва за малиот Дариан.

.Марија Стојанова на Фејсбук, пренесувајќи го постот на таткото на Дарин, напиша:

Драги мои пријатели, има едно детенце, во болница е во Германија, наше е, македонче, миличко едно, со очиња како изворчиња, Дарин се вика, гордост на мама и тато. Веќе три недели се борат во болницата за него, и лекарите, и неговите родители, кои исто така се лекари, Тања и Блашко се викаат. Едно пиле веќе им замина кај дедо Боже, една мала принцезичка, Нина, на седум годинки, а Дарин што сега се бори за живот ѝ е помалото братче. Состојбата со него е многу критична, многу. Заради големиот притисок во главата ноќеска го оперираа со саати, меѓутоа прогнозите не се добри. Мозочето престанало да му работи. Сега само чудо може да ни го врати Дарин, само чудо, само дедо Боже, а може да се случи такво чудо, имало и ќе има, и затоа ве молам, ако некој од вас го прочита ова, помолете се за него, за дедо Боже да му ја врати силата, да ги отвори очињата, малку само да трепне, да се помрдне, да им даде знак на живот на неговите родители, да направиме ланец од молитва и со љубов да ги прегрнеме и Дарин и неговите родители. Ништо не е важно. Ништо. Што и да имаш, со што и да си опкружен, какви грижи и притисоци и да те мачат во животот, ништо не може да се спореди со мајчинската, родителската љубов, и болката, да си го гледа чедото како губи животна сила. Ве молам мили мои, пуштете една молитвичка до Небото<3 Дарин се вика, Авенџери ги сака.

РЕКЛАМА

денеѓен весник

- Реклами -