14.3 C
Ohrid
понеделник, септември 15, 2025
HomeСветДаниел со селфи фотографија од крузерот: Јас преладен од обична настинка, цел...

Даниел со селфи фотографија од крузерот: Јас преладен од обична настинка, цел свет ме научи дека сум бил заразен од Коронавирусот.

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Добро се чувствувам, немам температура и не сум заразен со коронавирус. Не е вистина дека веќе три дена сум во изолација, еве сега пијам кафе во бифето на бродот, вели ексклузивно за Курир.рс, 39-годишниот Даниел Душноки од Суботица, член на екипажот на крузерот “„Дајмонд принцес“ кој е усидрен во карантин во близина на крајбрежјето во Јапонија, а за кој се шпекулирало дека има коронавирус.

<

-Направиле цела драма, а ништо од тоа не е вистина. На крузерот сме и засега нема ништо ново, ниту пак се случува. Работиме и го чекаме крајот на оваа драма. Немам температура и не сум под никаков карантин. Не сум во контакт со останатите заразени патници, јас само патролирам навечер – вели Душноки за Курир. рс и додава: Колку што знам сите српски државјани на бродот се добро и никој не е заразен. Додуша после објавата дека некој од нас е заразен со коронавирус на никој не му е добро!

Министерството за здравство информира согласно најновите информации добиени од јапонските надлежни органи, дека дојде до промена во однос на состојбата на македонските државјани кои се наоѓаат на бродот „Diamond Princess“ во Јокохама, Јапонија.

Потврдено е присуство на корона вирусот кај еден од тројцата македонски државјани кои се на крузерот, а во моментот е хоспитализиран во здравствена установа во Јапонија.

Амбасадата на Република Македонија во Токио е во комуникација со македонскиот државјанин. Воедно, амбасадата на дневна основа комуницира и со останатите двајца македонски државјани кои сѐ уште се наоѓаат на бродот во Јокохама и кои изјавуваат дека се чувствуваат добро и досега не пројавиле симптоми кои може да укажуваат на присуство на корона вирусот.

Министерството за здравство на Јапонија продолжува со спроведување на тестови за присуство на коронавирусот кај лицата кои се наоѓаат во карантин на бродот. При вршење на анализите предност имаат лица со симптоми кои укажуваат на присуство на вирусот, лица над 75 годишна возраст и лица со хронични заболувања.

https://www.stylens.mk/https://www.stylens.mk/https://www.stylens.mk/https://www.stylens.mk/
spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

„Влен”: Украдениот имот ќе им се врати на граѓаните

„Со одлуката на Владата, еден од лидерите на Вреди, вицепремиерот Арбен Фетаи, е назначен на чело на Националниот совет за финансиски истраги и конфискација...

Во Албанија е регистрирано ново здружение „ВМРО-ДПМНЕ -Албанија“

ВМРО-ДПМНЕ- Албанија“ е ново здружение на Македонците, откако и официјално е регистрирано во судскиот регистар во Тирана. Ова не е само формалност – ова е...

Херојството на Стојанче Ангелов

Може да мислите што сакате за Стојанче Ангелов, но, ова се неколку факти кои никој не може да ги оспори, напиша Златев на неговиот...

Министерство за здравство: Ќе се поделат 2.000 заштитни маски на жителите во Трубарево

Министерството за здравство, во координација со Институтот за јавно здравје, обезбеди 2.000 заштитни маски N95 кои вечерва ќе бидат дистрибуирани до жителите на скопското...