20.9 C
Ohrid
недела, август 10, 2025
ПочетнаМакедонијаПосле три години полицијата ги откри сторителите на убиството на Дилавер Бојку...

После три години полицијата ги откри сторителите на убиството на Дилавер Бојку Леку.

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Поради постоење основи на сомнение за сторени казнени дела „убиство“ и „убиство во обид“, Оделението за внатрешни работи Струга, поднесе кривична пријава против К.Л. (33) од струшкото село Ливада како и против Е.О.(39), од истото село, за сторено казнено дело „помагање“.

<

Според пријавата на 14.08.2017, првопријавениот К.Л. на летна тераса од угостителски објект во Струга со револвер го лишил од живот 58 – годишниот Дилавер Бојку – Леку од струшкото село Велешта, а потоа пукал и кон А.Б.(41) од Струга и Б.С.(28) од селото Велешта. Второпријавениот Е.О. со патничко возило „мерцедес“ со швајцарски регистарски ознаки, по претходен договор со сторителот, го однел до угостителскиот објект, соопшти полицијата.

Од СВР Охрид засега не откриваат дали осомничените за убиството се достапни на органите на истрагата.

Од досегашниот тек на истрагата за случајот утврдени се елементите кои ги соопштивме на јавноста. Поради специфичноста на случајот и истрагата, повеќе детали не можеме да објавиме. – ни изјави кусо во телефонски разговор портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димовски.

OhridNews

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Началникот ќе биде разрешен: Внатрешна контрола констатира непрофесионално однесување !!

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека Одделот за внатрешна контрола при МВР, по извршени проверки во врска со објавеното видео за време...

Ново убиство ја потресе Македонија- Телото на убиениот сеуште е во автомобилот.

Едно лице е убиено откако беше нападнато со огнено оружје при тешкиот инцидент што се случи денеска во Тетово, информира ТВ21. Неофицијално, убиството е извршено...

Се запали глисер на брегот на Охридското Езеро.

Денеска попладне во туристичката населба Елешец, на брегот на Охридското Езеро, избувнал пожар на глисер. Според првичните информации, огнот брзо се проширил, а густ чад...

,,Градоначалникот Пецаков на уникатното автомобилско шоу под охридското небо”

Вечерва, под отвореното небо на нашиот прекрасен град, се одржа третото издание на Night Car Show, каде на едно место се собраа заедно сите...