26.9 C
Ohrid
среда, јуни 11, 2025
ПочетнаМакедонијаДимовски: Ве молам не бидете поголеми Грци од Грците, не го менувајте...

Димовски: Ве молам не бидете поголеми Грци од Грците, не го менувајте името на АРМ.

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Пратеникот Илија Димовски ги повика своите колеги пратеници од СДСМ и коалицијата да не го менуваат името на (АРМ) Армијата на република на Македонија.Тој напомена дека според Преспанскиот договор, предвиден е период од 5 години тоа да се „заврши“. Ако СДСМ продолжи да брза и да го менува името на државата од Република Македонија во С. Македонија на документи, институции, материјали и така натаму, тоа е кршење на Преспанскиот договор.

<

-Главна и суштинска измена на овој закон е промена на името на Армијата на република Македонија во Армија на С. Македонија. Да ви објаснам. Ние пуштивме во процедура идентичен текст на закон кај заменик на министерот без оваа измена. Значи нашиот предлог беше да не се смени името на државата. Ќе ви дадам интересни образложенија. Вчера во врска со таблата во Министерството за труд и социјална политика ви го читав членот 10 точка Б од преспанскиот договор.

Вашиот Преспански договор вели дека политичкиот преоден период ќе се однесува на сите документи и материјали и ќе започне да се применува после отворањето на поглавјето во следните 5 години.

Што значи тоа? Тоа значи дека името на Армијата на Македонија не мора да се смени денеска во согласност со вашиот Преспански договор. Имате право да одлучите денеска да не го смените името на Армијата, затоа што обврската што сте ја превземале говори дека тоа треба да се направи во рок од 5 години. Зошто вие денеска брзате?, праша Димовски.

Според него, СДСМ и нивните коалициони партнери само прават штета на државата.

-Таа алатка која што е во Преспанскиот договор, која што вели ние имаме право да ги зачуваме имињата на институциите, докумнтите, материјалите под уставното име Република Македонија, е убава алатка доколку има совесни политичари за на тој начин да ја принудиме другата страна побрзо да се завршуваат преговорите за затворањето на поглавјата.

Ние вака ги испукуваме куршумите, ја правиме штетата врз нас и потоа немаме куршум, немаме карта во рака, немаме џокер како сакате наречете го тоа. Значи вие денеска или утре ќе го смените името на Армијата спротивно на Преспанскиот договор, затоа што таква обврска според тој договор сеуште нема.

Немојте да ги трошите и онака малкуте можности за побрзо започнување и затворање на преговорите во секои од поглавјата. Немораше да ги смените сведителствата на учениците во С. Македонија.

Ниту еден документ во министерството за земјоделие не мораше да се смени во С. Македонија. Ниту мораше да се менува името на документите од министерството за транспорт и врски. Вие го кршите Преспанскиот договор. Вие станавте поголеми Грци од Грците. И во историјата ќе останете запишани со име и презиме, рече од говорницата Илија Димовски.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Јаневска: Економијата добро се движи, верувам дека дел од иселените ќе се вратат

Минатата година недостасуваа 17 илјади ученици и студенти кои се иселени во последните 7 години, рече денеска министерката за образование и наука Весна Јаневска. Секако...

Левица: 73 отсто од учениците се функционално неписмени

Со години наназад бројот на ученици во македонските училишта опаѓа, а бројот на наставници континуирано расте. Само оваа година, споредено со претходната, во училиштата...

Пецаков им посака успешни игри на пензионерите на Регионалните спортски игри за пензионери.

Имав чест денес да ги поздравам и да им посакам успешни игри на пензионерите на Регионалните спортски игри за пензионери. Особено сум горд што токму...

Креиран првиот дрон во Македонија специјализиран да гасне пожари

Креиран е првиот дрон во Македонија специјализиран да гасне пожари. Целта е како што велат надлежните да се создаде јато дронови кои ќе бидат...