32.9 C
Ohrid
понеделник, август 11, 2025
ПочетнаМакедонијаЧетири години по смртта на Есма Реџепова, продолжува борбата за нејзиното наследство

Четири години по смртта на Есма Реџепова, продолжува борбата за нејзиното наследство

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Четири години по смртта на Есма Реџепова продолжува борбата за нејзиното наследство. Иако нејзините посвоени деца велат дека не ги сакаат ни парите ни куќата, сепак нејзините браќа и внуци бараат дел од наследството, па велат дека своите права ќе ги бараат на суд.

<

Имено, внук на Есма, Аднан Реџепов кој е син на нејзиниот брат и кој живее во Германија сака да ја тужи хуманитарната организација „Есма и Стево Теодосиевски“ на која треба да ѝ припадне куќата. Тој се сомнева дека хуманитарната организација неправедно го присвоила имотот и го лажирала тестаментот на Есма.

Прва на „Фејсбук“ се огласи Васка Јанковска, некогашен пратечки вокал во бендот на Горан Бреговиќ. Таа тогаш напиша дека се сомнева во вистинитоста на тестаментот на Есма и дека авторските права требало да ги добие Симеон Атанасов.

„Симеон, еден од посвоените синови на Есма, беше со неа на сите концерти и настапи и се грижеше за нејзината кариера и по смртта на нејзиниот сопруг Стево“, напиша таа.

Инаку, Есма пред десет години изјави дека планира да отвори музеј „Дом на хуманоста“, во нејзината семејна куќа во скопската населба Шуто Оризари. На прашањето на новинарите кога планира да го доврши музејот, Есма тогаш изјави: „Старите луѓе знаат да кажат, ‘Немој никогаш да ја довршуваш куќата веднаш. Остави барем нешто недовршено за да имаш причина да живееш’. Но, јас сепак би сакала барем оваа година да го завршам“.

Есма Реџепова почина на 11 декември 2016 година. Таа имаше 47 посвоени деца, едно девојче, а останатите момчиња.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

„Тетка Доста, една од најомилените во општина Дебрца, замина во заслужена пензија“

Денес во општина Дебрца се собравме по повод еден значаен и емоционален момент – испраќањето во заслужена пензија на нашата колешка,соработник,пријател– нашиот и мојот...

Пред да исчезне во водите на Охридско езеро објавил фотографии

52-годишниот жител на Пловдив, Илија Танчев, е Бугаринот кој исчезна во Охридското Езеро. Во петокот тргнал кон Охрид, објави 4NEWS.mk На својот Фејсбук профил објавил...

Началникот ќе биде разрешен: Внатрешна контрола констатира непрофесионално однесување !!

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека Одделот за внатрешна контрола при МВР, по извршени проверки во врска со објавеното видео за време...

Ново убиство ја потресе Македонија- Телото на убиениот сеуште е во автомобилот.

Едно лице е убиено откако беше нападнато со огнено оружје при тешкиот инцидент што се случи денеска во Тетово, информира ТВ21. Неофицијално, убиството е извршено...