-0.1 C
Ohrid
четврток, март 20, 2025
ПочетнаМакедонијаМакедонски музичар за долг од 5.000 денари извршителите сакаат да му ја...

Македонски музичар за долг од 5.000 денари извршителите сакаат да му ја земат куќата…

spot_img

Македонскиот музичар Владимир Софрониевски, неговата сопруга и трите малолетни дечиња, деновиве минуваат низ вистинска голгота.

<

Музичарот со години живее под притисок, трпејќи неправда, но кулминацијата на случувањата се случи вчера кога целиот терет беше префрлен на целото негово семејство.

КУРИР стапи во контакт со семејството Софрониевски кои вчера добија решение од извршител со закана дека ќе им биде одземена куќата во која живеат. Петчленото семејство живее во семејна куќа во Маџир маало со вкупна површина од само 27 квадрати. Сега се под сериозна закана дека ќе го загубат и тоа кое го имаат и дека ќе останат на улица.

Приказната е чудна, неоснована и личи на голема грешка. Кога ќе го разгледа случајот некој реален правник можеби и ќе се изнасмее, но на Софрониевски оваа неправда им нанесе голема штета.

Музичарот првично се терети дека неговото куче каснало човек. Случајот влегува во суд, а Софрониевски никогаш немал куче во негова сопственост. Пред 7 години е констатирано дека за овој случај нема никакви докази и дека тој нема за што да биде казнет. Софрониевски немал куче, а е тужен дека негово куче каснало човек!

Кога мислел дека случајот е решен, македонскиот музичар доживува шок. Случајот го превзема друг судија и во прво рочиште изрекува казна од 5.000 евра. Софрониевски тврди дека воопшто не е повикан на суд, нема сведочено, ниту пак пред него се изнесени докази за делото за кое пресудата веќе била донесена.

Идентитетите на двајцата судии се познати во редакцијата на КУРИР, но од оправдани причини истите нема да ги објавиме.

Тој тргнува низ судскиот лавиринт, но крајот никако да дојде. Поднесува жалби, го одбиваат. Бара докази, ги нема. Бара да сведочи, не го викаат.

Кога помислува дека најлошото помина, дури тогаш почнува пекол.

КУРИР ја доби документацијата, ја истражи и ја објавува во продолжение:

Главниот долг, првично е 5.000 денари. Сегашниот, каде се пресметани камати на главен долг, главен долг, камати, трошоци за адвокат… изнесува 292.263 денари. Дополнително, само трошоците за извршување чинат 38.621 денар.

Налогот за извршување наведува дека ако Софрониевски не го подмири долгот, ќе остане без куќа.

Соочен со правната неправда, заканите, огромниот наводен долг, страв дека ќе остане без куќа, но најмногу обврската да си ги заштити децата се причината поради која Софрониевски најавува дека нема да се откаже од неправдата. Денес член на неговото семејство ќе оди на средба и кај Народниот правобранител, а ќе реагираат и секаде каде што можат.

Софрониевски, инаку, е со телесен инвалидитет. Неговото синче има тргнато по стапките на семејството и се занимава со музика. Оди на натпревари, ја претставува Македонија и ја прави публиката горда. Трите дечиња, наместо да уживаат во детството, денес живеат во страв, соочени со неправда претешка за сфаќање дури и од возрасните, а уште повеќе од нив.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

10-минутен огномет во Скопје во време кога тагува цела Македонија

Во денови на жалост поради трагедијата во Кочани на некого му дошло до огномет. На социјалните мрежи се појави снимка на која јасно се...

Мицкоски најави отворање на случаите за модуларната болница и за несреќата кај Ласкарци

Премиерот Христијан Мицкоски во вечерашното гостување на „Сител“ рече дека ќе се отворат „сите претходни случаи, и за модуларната болница и за Ласкарци“, најавувајќи...

Халкбанк“ донира 50.000 евра за семејствата на загинатите и повредените во Кочани

Халкбанк“ со донација од 50.000 евра уплатени кон наменскиот фонд од Црвен крст на Македонија, дава поддршка за семејствата на загинатите и повредените. Бескрајно жалиме...

Бугарски пратеник собра 34.200 евра за настраданите во Кочани

Бугарскиот пратеник Манол Пејков од 16 март до 19 март преку хуманитарна кампања собрал 34.200 евра, објавија „Пловдив24.бг“. Во петок, заедно со својот соработник Чило,...