9.9 C
Ohrid
понеделник, декември 9, 2024
ПочетнаМакедонијаНаскоро излегува првиот македонски филм за деца „Стела“

Наскоро излегува првиот македонски филм за деца „Стела“

spot_img

Технолошка револуција, изолација, промени на вредности, политика, климатски промени, насилство, нарушени семејни односи, индивидуализам и сепарација.

Во време кога сме бомбардирани од негативни вести, македонската филмска сцена креативно прогресира и најавува нешто сосема поинакво, ново филмско дело кое му пркоси на мејнстрим секојдневието.

„СТЕЛА е повеќе од филм” – објаснува режисерот Стојан Вујучиќ.

„Стела е семеен прирачник за хармонија,љубов и лекција за сите нас, вели тој.

Овој филм носи две клучни уникатности – првата дека е првиот долгометражен детски филм, а втората дека филмот СТЕЛА е прва еко или зелена продукција во Македонија. Според најновите светски еколошки стандарди за намалена емисија на штетни гасови и рециклирање отпад според стандардите од Американската асоцијација на филмски продуценти.


„Стела“ е приказна за Шарпланинката Стела, едно момче Никола (Петар Маниќ) и еден дедо Христо (Тони Михајловски).Тие тројца со товарот на своите животи, судбински се наоѓаат, изгубени во своите приказни за во текот на оваа авантура да станат семејство бегајќи од своето вистинско семејство. Не знаејќи, со тоа ќе се доближат до она од што бегаат учејќи лекции за животот и новите почетоци.

„Понекогаш треба да се вратиме на корените, на почетокот на приказната , за да почнеме повторно од почеток. Стела е филм за нов почеток”- објаснува режисерот Стојан Вујичиќ.

Вели дека преку Стела, Никола и Дедото Христо, ќе им се дозволи на гледачите да се свртат кон себе и да го најдат својот центар повторно.

Во филмот главните улоги ги толкуваат младата шарпланинка Стела, дванаесетгодишниот Петар Маниќ (кој за прв пат е на долгометражен филм), Дејан Лилиќ, Тони Михајловски, Симеон Дамески и Христина Поповиќ, позната од филмскиот хит „Парада“.

Филмот СТЕЛА е сниман на три локации – Галичник, Скопје и Штутгарт – Германија и е копродукција меѓу „Дрим Фектори“, продуцент Огнен Антов, „Акција Продукција“ од Србија (продуцент: Јована Караулиќ) и „Моуна“ од Германија (продуцент: Никол Акерман). Покрај финансиските средства добиени од „Агенцијата за филм на Република Македонија“, филмскиот проект „Стела“ поддршка доби и од „Филмскиот центар на Србија“ и Баден Вунтеберг филмскиот фонд во Штутгарт, Германија.

Сценариото е на Ева Камчевска, кинематографијата е на Ѓорѓи Клинчаров, костимограф на филмот е Милена Миленковиќ, снимател на звукот е Срѓан Бајски, монтажер е Данчо Стефков , а сценограф Влатко Зафирковски.

Премиерата е закажана месец Март 2020 година.

Фактор

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Боксерот Крајевски си го одзеде животот на само 37 години

Литванскиот боксер Генадиј Крајевски, кој живееше во Англија, се самоуби на свои 37 години. Крајевски бил познат по прекарот „Балтички бомбаш“, а најмногу се борел...

Регистарските таблички на државните возила ќе бидат во боите на државното знаме

На 10 декември Владата на седница ќе го разгледува Правилникот според кој, државните возила треба да бидат препознатливи за јавноста по нивната црвено-жолта регистрација....

Мало потсетување: 46 отсто од македонските граѓани веруваат дека од авион прскаат вируси

Влора Речица, една од авторките на истражувањето на Институтот за демократија со наслов „Човек од народот“, гостуваше во пред две години гостуваше во „Клик...

Протестот на ДУИ пропадна, граѓаните одбиваат да ги заштитат партиските милионери

Обидите на ДУИ да организира масовен протест пред Уставниот суд, со тврдење дека го бранат Законот за употреба на јазиците, изгледа дека се соочуваат...