5.9 C
Ohrid
недела, декември 22, 2024
ПочетнаМакедонијаГраѓаните на Северна Македонија ги очекува меден месец, односно медени години...

Граѓаните на Северна Македонија ги очекува меден месец, односно медени години…

spot_img

Претседателот на СДСМ Зоран Заев, во интервју за гостиварската телевизија „Глоби“, одговораше на повеќе прашања во врска со правосудството, усвојувањето на законите со 2/3 мнозинство, претстојните избори, евро-атлантската иднина на државата, концетптот едно општество за сите, економските мерки и политики на СДСМ.

Со чекорењето за правда, го изразивме нашето незадоволство од практичната примена на законодавството, истакна Заев, додавајќи дека ние се боревме против тоа премиер, како што тоа го правеше Груевски да диктира пресуди, затоа сега судството е ослободено од секакво политичко влијание и треба да носи одлуки по устав, закон и сопствено убедување на судијата, затоа што правото и правната држава се врвни приоритети за граѓаните.

Почитувани судии сега е на вас непристрасно, без било какво влијание да делите правда, законите да важат еднакво за сите граѓани, правдата да биде ефикасна и ефективна, сакаме транспарентни судски постапки, му порачавме на судството со Маршот за правда, нагласи претседателот на СДСМ.

Со донесувањето на законот за јавно обвинителство, за советот на јавни обвинители и законот за одбрана, кои дел се донесени со 2/3 мозинство, покажавме државнотворност, покажавме дека државата ни е пред се, а после ни се партиите, политичките па личните интереси, а тоа е охрабрување, што ќе значи многу за нашите партнери во НАТО и ЕУ, порача претседателот Заев.

НАТО, ЕУ и Едно општетство за сите, се најголеми достигнувања за време на мандатот како претседател на Владата, истакна претседателот на СДСМ Зоран Заев, нагласувајќи дека НАТО значи траен мир, никогаш повеќе војна, значи зголемување на инвестииите, економијата, стандардот.

Јас верувам дека не подоцна од мај ќе го добиеме датумот за почеток на преговори за членство во ЕУ, уште еднаш покажавме дека ние нашите работи ги завршуваме, ги исполнуваме нашите ветувања, време е тоа за кое чекаме 15 години тие да го исполнат, нагласи Заев.

Ако ЕУ ја донесе одлуката за почеток на пристапните преговори, тоа значи отворање на меден месец, односно медени години, во кои Европа помага со фондови, грантови кои го подигнуваат нашиот стандард, а кога ќе го доведат блиску до европскиот ќе станеме член, истакна Заев, додавајќи дека ЕУ денеска дискутира за 14 милијарди евра гранови за Западен Балкан, од кои за нас се меѓу 1,8 и 2,5 милијарди.

Сакаме да бидеме член на ЕУ не само заради финансиската помош, туку заради вредностите, еднакви права и еднакви одговорности за сите, еднаквна иднина за сите, нагласи Заев.

Концептот Едно општество за сите го препознаа граѓаните и застанаа зад мене и јас сум единствен претседател на политичка партија која добива мозаик гласови, истакна Заев, додавајќи дека тоа е убавината, тоа е нашата иднина, ако сме заедно, единствени, ќе бидеме силни, моќни и успешни.

Токму затоа во СДСМ имаме уникатно право да избереме со која албанска политичка партија може да влеземе во предизборна и постизбрна колација, нагласи претседателот Заев, на што ВМРО-ДПМНЕ не може ни да помисли.

На изборите барам од граѓаните нов чист мандат, рече Заев, изразувајќи уверување дека граѓаните ќе ги поддржат политиките, кои ја донесоа земјата со постигнати стратешки цели, во пријателски односи со сите, кои за 2,5 години покажаа економски резултати за почит.

Од заробена, задолжена држава, со штедливо работење, без кредит и инвестирање во граѓаните, а не во споменици и жални врби, го зголемивме БДП од -1,8 насто на 3,6 проценти, социјалната помош ја дигнавме 300%, за 60% ја покачивме минималната плата, растат просечните плати, даваме субвенции за покачување на платитие, во буџетот се уплатени 75 милиони евра повеќе на име ДДВ и акцизи, истакна престедателот на СДСМ Зоран Заев, во интервју за гостиварската телевизија „Глоби“.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

„Петардите не се играчка“, превентивна активност на СВР Охрид

„Петардите не се играчка“, превентивна активност на СВР Охрид Вчера (21.12.2024 ) полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Охрид и волонтерите од Црвениот...

Нема вина кај сопствениците чие куче усмрти дете во Пинтија, утврди истрагата

Затворена е постапката за сопствениците на кучето кое во април минатата година усмрти осум годишно дете. Обвинитествлтвото преземало низа дејствија за да утврди вина...

Две колешки од велешка пошта се степале на работа

Две колешки од велешка пошта се степале на работа Две вработени од велешката пошта се степале вчера додека биле на работа, соопшти полицијата. Инцидентот го...

Претреси во Тетово, пронајдени над 75.000 парчиња пиротехника.

Полициски службеници од СВР Тетово со судска наредба денеска во периодот од 9:30 до 14:20 часот извршиле претреси на повеќе локации во Тетово и...