20.2 C
Ohrid
четврток, јули 3, 2025
ПочетнаМакедонијаДевојките од ''Јавна Соба'' завршија на сајт за возрасни.

Девојките од ”Јавна Соба” завршија на сајт за возрасни.

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Група „Јавна соба“ на социјалната мрежа Телеграм повеќе не постои, но затоа, пак, пред околу две недели таа повторно е активна на еден светски познат порно сајт.

<

Како што е наведено таму, основач на групата наводно е 31-годишен маж од Германија, кој досега има објавено над 500 експлицитни фотографии од девојки и од момчиња од Македонија.

Според информациите со коишто располага Плусинфо, станува збор за истите фотографии кои неодамна беа објавени во групата „Јавна соба“ на Телеграм, а кои беа избришани по интервенција на Министерството за внатрешни работи (МВР).

Меѓу експлицитните фотографии објавени се и телефонски броеви од многу девојки, како и од нивните профили на Фејсбук и на Инстаграм, а не се ретки ниту принтскриновите од интимните фотографии кои тие им ги праќале на своите момчиња во приватни пораки. Огромен дел од фотографиите им припаѓаат на малолетни девојки, а не се поштедени ниту познатите јавни личности.

Интересно е тоа што освен фолдерот со голи девојки, постои уште еден фолдер во кој објавувачот се шегува со полицијата со тоа што ги објавил СМС пораките преку кои МВР го повикува да се јави во Полициска станица Ѓорче Петров за да даде изјава поради неговото членство во групата „Јавна соба“ на Телеграм. Во истиот тој фолдер, објавени се и неколку фотографии направени од телевизиски екран, а на кои се гледа како телевизиите во Македонија известуваат за порнографската група.

За потсетување, МВР минатиот месец испрати барање до сопственикот на Телеграм, чие седиште е во Велика Британија, со цел да се затвори порнографската група „Јавна соба“ која броеше над 7.000 членови. Полицијата успеа да идентификува еден од креаторите и еден од модераторите на групата, а како што истакнаа оттаму, и двајцата се возрасни лица од Скопје.

Плус Инфо

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

После 137 години во Гостивар ќе ЗАЅВОНАТ ЅВОНАТА ВО ДУХОТ НА ХРИСТИЈАНСТВОТО на уште еден црковен храм.

После 137 години во Гостивар ќе ЗАЅВОНАТ ЅВОНАТА ВО ДУХОТ НА ХРИСТИЈАНСТВОТО на уште еден црковен храм, а со тоа ќе означат едно ново време,...

И оваа година, хуманитарна трка со гумени Патки во Струга !!

Струга повторно плива во хуманост: Трка со пластични патки на 1 август оваа година, на 1-ви август, Струга ќе биде домаќин на хуманитарната...

Минчев: 40 проценти од Административците или ништо не работат или бараат начин да не дојдат на работа

40 проценти од административците или ништо не работат или бараат начин како да не дојдат на работа, открива министерот за јавна администрација Горан Минчев,...

Денеска сите патишта водат кон манастирот „Свети Наум“ во Охрид.

Денеска сите патишта водат кон манастирот „Свети Наум“ На 3 јули (по нов стил), македонскиот народ го празнува летниот празник на Свети Наум Охридски,...