16.9 C
Ohrid
понеделник, јуни 16, 2025
ПочетнаМакедонијаБОКИ БАРА УКИНУВАЊЕ НА ПРИТВОРОТ- ветува нема да бега

БОКИ БАРА УКИНУВАЊЕ НА ПРИТВОРОТ- ветува нема да бега

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

По денешното завршување на сведочењето на адвокатот Васил Димишков на судењето за случајот „Рекет” адвокатот на Бојан Јовановски побара од судијката Васка Николовска-Масевска да му биде определена поблага мерка за определување на присуство во текот на судската постапка со образложение дека тој нема да бега, како и дека тоа му е потребно поради здравствената состојба
Одбраната на Јовановски посочи дека освен од судечкиот совет кој постапува во случајот „Рекет“, барање за укинување на мерката притвор поднеле и до Кривичниот совет при Основниот суд, но од таму не добиле одлука. Судијката Николовска-Масевска посочи дека ќе почека советот да донесе одлука, па потоа на следното закажано рочиште за „Рекет“ ќе се произнесе за предлогот.

<

Јовановски на денешното рочиште рече дека среќен е што му било соопштено дека нема повеќе малигнитет, но дека од друга страна за комплетно заздравување му бил препорачан хигиенско-диететски режим кој не можел да се спроведе во затворски услови.

„ Мојата здравствена состојба стана шпанска серија. Лица со поголема криминална историја се шетаат на слобода, а вие над мене диктирате правда. Во затворот каде што сум сега нема услови за хигиенско-диететскиот режим што ми е препорачан. Никогаш не сум сакал да бегам. Образложението дека немам оформено семејство не е издржано бидејќи тоа е мој личен избор и сметам дека во тој поглед сум дискриминиран. Исто така и за тоа дека не сум во редовен работен однос сум дискриминиран, бидејќи јас сум сопственик на повеќе трговски марки и сум раководел со 1 ТВ, каде чест гостин беше и оваа обвинителка овдека. Сметам дека со овие образложение зошто сум во притвор се крши Уставот кој вели дека не смее да има дискриминација. Давам целосно ветување дека ќе бидам корисен во овој трагичен кривично-правен предмет трагично наречен „Рекет““, рече Јовановски пред судот на моменти гестикулирајќи одредени потези и имитирајќи ја Русковска.

На ова реагираше Русковска која гласно извика дека полицијата не го најде Јовановски во библиотека, туку го уапси на граница и дека воопшто не треба да се размислува за тоа да му се укине мерката притвор. Обвинителката посочи дека на обвинетиот Јовановски треба да му се укаже дека се наоѓа во суд, а не во театар.

На ова тој и возврати на Русковска со зборовите: „ Не треба да ги слушаме вашите гласовни способности и колку можеш да се дереш“.

Јовановски дополни и дека можеби ако ги посочел Јанева и Милевски како виновници, ќе добиел позитивно мислење од обвинителката, како што таа направила со Кичеец кој беше пуштен од притвор во куќен притвор уште пред да почне судската постапка.

На Јовановски мерка притвор му беше определена од 15 јули, 2019 година, а според последните решенија му се продолжува поради опасност од бегство.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Во скопската зоолошка угина млада женка мајмун сијаманг

Стефан Кирков од ВМРО-ДПМНЕ реагира по повод угинувањето на една женка мајмун од Скопската Зоолошка градина. „Хоророт во Скопската Зоолошка градина и натаму продолжува. Пред...

Таксист од Скопје на странец му наплатил 7.800 денари за возење од Центар до Средно Водно

Вчера во 20.40 часот во СВР Скопје, Б.Ф.П.Х. (43) од Швајцарија пријавил дека додека се возел во такси возило на релација од Центар до...

Во штипско село пронајдени череп и коски слични на човечки

На 14.06.2025 година во 09.37 часот во СВР Штип, Р.Ш.(60) од село Балталија, штипско, пријавил дека околу 09.00 часот на место викано...

Манастирот “Свети Еразмо” ви го честита големот празник посветен на охридскиот чудотворец – Свети Еразмо!

Манастирот "Свети Еразмо" ви го честита големот празник посветен на охридскиот чудотворец - Свети Еразмо! Ве известуваме дека за време на претстојниот празник на светиот...