14.2 C
Ohrid
четврток, мај 28, 2020
Почетна Македонија Трите загинати од плинска боца во Романовце се деца на возраст од...

Трите загинати од плинска боца во Романовце се деца на возраст од 11, 9 и 8 години.

Translate (Eng):[gtranslate]

Трите загинати од плинска боца во Романовце се деца на возраст од 11, 9 и 8 години. Нивниот идентитет е утврден.

Како што претходно веќе преносвме, од експлозија на пли ска боца во РОмановце загинаа три лица, а шест се повредени.

Од Противпожарната единица од Куманово велат дека повикот го добиле во 10.10 часот, и излегле на лице место со едно возило и четворица пожарникари.

РЕКЛАМА

„Причината за пожарот е експлозија на плинска боца. Роднините и соседите ги изнеле повредените, по што ние околу еден час го гасневме пожарот“, изјавиле пожарникарите.

Од МВР соопштија дека денеска околу 10 часот во Куманово – сел .Романовце во куќа сопственост на Ш. А. од експлозија на плинска боца настанал пожар во кој три лица починале на лице место, а шест лица се пренесени во Општа болница во Куманово каде им се констатирани тешки телесни повреди, но поради сериозноста на повредите истите ќе бидат префрлени во Ургентен центар Скопје.

Известен е Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Куманово упатена на лице место со цел утврдување причини кои довеле до несреќата.

- Реклами -