17.9 C
Ohrid
понеделник, јули 7, 2025
ПочетнаМакедонијаВенко Филипче: Нека не ве плаши коронавирусот, опремени сме со 150 кревети,...

Венко Филипче: Нека не ве плаши коронавирусот, опремени сме со 150 кревети, имаме исто така и маски и скафандери

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Сите лица кои пристигнале во државава од критичните региони каде има заразени од коронавирусот да се придржуваат до препораките кои ги добиле во флаерот, а тоа е доколку после патувањето во одреден период од две недели добијат некакви симптоми да не одат низ здравствените институции, туку да се јават на телефоните во Центарот за јавно здравје или Институтот за јавно здравје, за да може тим соодветно опремен да ги посети во нивните домови. Здравствениот систем е подготвен и подготвени се сите капацитети на Клиниката за инфективни болести и на трите инфективни одделенија во Штип, Велес и Гостивар. Сите четири институции располагаат со околу 150 кревети. Јавноста да не наседнува на лажни вести и да не се крева паника без потреба.

<

Ова денеска го изјави министерот за здравство Венко Филипче, кој уште еднаш апелираше да не се патува без некоја посебна потреба во Италија, посебно во северните делови, како и во критичните региони без итна потреба, а граѓаните да се придржуваат на мерките што се дистрибуирани во смисла на одржување лична хигиена, бидејќи тоа помага во спречување на ширење на инфекцијата и сите други инфекции, како и актуелниот грип.

На денешната седница на Владата ќе се разговара за откажување на сите планирани патувања во Европа организирани од страна на државните институции.

Филипче потенцира дека има сосема доволна количина потребен материјал, односно оти располагаат со околу 40.000 маски и 10.000 мантили и скафандери, но оти се подготвува и набавка на дополнителен број.

„Во текот на денот ќе се дистрибуира целиот материјал, информативниот прашалник и заштитниот материјал до сите гранични сувоземни премини и дополнение на аеродромите таму каде што недостига. Имаме сосема доволна количина резерви како на маски, мантили, понатаму на скафандери која ќе ја дополниме во периодот што следи“, рече Филипче.

Во врска со тоа дали има доволно маски во аптеките рече дека контактирале со неколку добавувачи и тие им кажале дека има доволна количина.

Истовремено, нагласи, денеска очекуваме да се надополни оваа сега резерва што ја имаме со одредена количина и од Црвениот крст, така што во овој момент немаме информација дека нема доволно материјал.

„Ние сме на располагање 24 часа за споделување на сите точни информации во однос на тоа што точно се случува со пациентите, протокот, влезот, најавените можни патници од критичните региони и мерките кои ги преземаме“, истакна Филипче и додаде дека во рамките на Министерството за здравство ќе функционира кризна група во која ќе членуваат експерти од областа на епидемиологијата и инфективните болести со цел менаџирање на сите информации и тековни активности во врска со случаите со коронавирус“, додаде Филипче.

фактор

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Ангелов: Ова лето гранката нема да ми биде потребна

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, со саркастична порака: „Ова лето гранката нема да ми биде потребна“, алудирајќи на некогашната немоќ...

Судот му додели куќен притвор на возачот кој го уби Југослав

Скопје се соочува со сериозни прашања по трагичната сообраќајна несреќа во која младиот Фатон Љ. (25), возејќи мотор „Кавасаки“ без возачка дозвола, минатата недела...

Трагедија во Швајцарија: Охриѓанка и нејзиното бебе пронајдени мртви со убодни рани !!

Тешка трагедија ја потресе македонската заедница во Швајцарија. Охриѓанка и нејзиното едномесечно бебе се пронајдени мртви со убодни рани, по наводна вербална расправија со...

Мицкоски: Нема да има данок за немажени и неженети- Погрешно ме разбраа !!!

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека нема да има данок за неженети и немажени лица во Македонија, појаснувајќи дека неговата претходна изјава е погрешно протолкувана....