9.9 C
Ohrid
четврток, октомври 1, 2020
Почетна Македонија Д-р Караџовски: Имаме спремна екипа, болниците ни се опремени како во Кина...

Д-р Караџовски: Имаме спремна екипа, болниците ни се опремени како во Кина со заштитна опрема од глава до пети

Translate (Eng):[gtranslate]

Имаме спремна екипа со заштитна опрема од глава до пети како во Кина. Екипата која беше испратена од наша страна да земе анкета, беа влезени и опремени со комплетна опрема за заштита од коронавирус. Лицата коишто ги примаат овие болни, влегуваат во посебен влез во клиниката. Се сместуваат низ посебни патеки за движење. На инфективна клиника не може кој како сака да шета. Лицето било спроведено во комплетна заштита и опрема. Во моментов е на интензивна нега со будно следење на докторите, кажа епидемиологот д-р Жарко Караџовски на денешната прес-конференција во Владата.

„Инфективната клиника и интензивна нега значи изолација од останатите кревети и останатите пациенти. Жената е свесна и дише нормално.

Јас не можам да одговорам од каде точно дошле, но знам дека лицата се дојдени преку Табановце. Со возило биле донесени до таму, а со друго возило се дојдени на клиника. Немало шетање лево десно, било проценето дека имала симпотматологија, не била тестирана и кај нас. Во моментов, ве молам да не се шири дефетизам, нешто што велиме „еве влезе случај, отиде четврт Македонија“, кажа д-р Караџоски.

РЕКЛАМА

Во 20:00 часот министерот ќе соопшти порелевантни информации, кажа доктор Караџвоски.

Министеот Филипче уште еднаш истакна дека кај жената поминал перидоот на инкубација, затоа што веќе две недели била болна, и според него не претставува опасност за лицата коишто патувале со неа.

- Реклами -