17 C
Ohrid
вторник, септември 16, 2025
HomeСветВо Кина има моментална забрана за јадење на кучиња и мачиња...

Во Кина има моментална забрана за јадење на кучиња и мачиња…

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Градските власти ги категоризираат кучињата и мачките како миленичиња и ќе ја забранат нивната консумација. Змиите, желките и жабите, исто така, ќе бидат забранети за јадење, иако тие се омилен оброк во делови од јужна Кина.

<

Центарот за технологија во Шенжен, во јужна Кина ќе ја забрани консумацијата на кучиња и мачки, додека земјата забранува трговија со диви животни, за кои се претпоставува дека се можен извор на новиот коронавирус.

Градските власти направија попис на месо што може да се јаде – свинско, пилешко говедско и зајачко, како и риба и морски плодови.

– Забраната за консумирање на животински свет е вообичаена практика во развиените земји и универзално барање на модерната цивилизација, наведуваат локалните власти.

Научниците се сомневаат дека новиот вирус е пренесен од животно на човек.

Градските власти ги категоризираат кучињата и мачките како миленичиња и ќе ја забранат нивната консумација. Змиите, желките и жабите, исто така, ќе бидат забранети за јадење, иако тие се омилен оброк во делови од јужна Кина.

– Забраната за месо од кучиња и мачки во Шенжен ќе биде исклучително добредојдена, изјави Питер Ли од групата за заштита на животните „Хјуман сосајети интернешнл”.

Тој додаде дека трговијата со животински свет во Шенжен е мала во споредба со остатокот од покраината.

– Шенжен е голем град и е поголем од Вухан, така што ќе биде многу значаен и може да предизвика домино ефект во другите градови, наведе Ли.

Во предлогот на градските власти се истакнува дека има над 2.000 видови заштитени диви животни во Кина.

Предлогот на Шенжен следуваше по одлуката на централната власт во понеделникот за забрана на тековната трговија и консумација на животински свет.

https://www.stylens.mk/https://www.stylens.mk/https://www.stylens.mk/https://www.stylens.mk/
spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

„Влен”: Украдениот имот ќе им се врати на граѓаните

„Со одлуката на Владата, еден од лидерите на Вреди, вицепремиерот Арбен Фетаи, е назначен на чело на Националниот совет за финансиски истраги и конфискација...

Во Албанија е регистрирано ново здружение „ВМРО-ДПМНЕ -Албанија“

ВМРО-ДПМНЕ- Албанија“ е ново здружение на Македонците, откако и официјално е регистрирано во судскиот регистар во Тирана. Ова не е само формалност – ова е...

Херојството на Стојанче Ангелов

Може да мислите што сакате за Стојанче Ангелов, но, ова се неколку факти кои никој не може да ги оспори, напиша Златев на неговиот...

Министерство за здравство: Ќе се поделат 2.000 заштитни маски на жителите во Трубарево

Министерството за здравство, во координација со Институтот за јавно здравје, обезбеди 2.000 заштитни маски N95 кои вечерва ќе бидат дистрибуирани до жителите на скопското...