18.7 C
Ohrid
четврток, јули 3, 2025
ПочетнаСветЛидерот на Северна Кореја има наредено неговиот тетин да биде жив изеден...

Лидерот на Северна Кореја има наредено неговиот тетин да биде жив изеден од 120 бесни кучиња.

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Севернокорејскиот диктатор Ким Јонг Ун наредил неговиот тетин да биде жив изеден од 120 бесни кучиња како дивјачка казна за предавството, пренесува Дејли мејл. 67-годишниот Јанг Сонг Тек и неговите пет помошници биле соблечени голи и биле фрлени во кафез во кој имало кучиња што биле изгладнувани три дена, пишува британскиот весник, повикувајќи се на информации од Кина.

<

Глутницата бесни животни повеќе од еден час ги растргнувале телата на „предавниците“, извршувајќи ја казната наречена „егзекуција со кучиња“ (quan jae), јавил кинескиот весник Вен веи по.

Лидерот-тиранин на комунистичката држава го обвинил својот тетин, поранешен втор човек во Северна Кореја, за предавство и корупција и во својот новогодишен говор го нарекол „ѓубре“ и „фракционерски изрод.

За разлика од вообичаените егзекуции на политичките затвореници, кои биле извршени со стрелање со митралези, оваа невообичаена казна е резервирана за најомразените во севернокорејското општество.

Кинескиот весник тврди дека целиот процес бил надгледуван од врховниот лидер на Северна Кореја, заедно со 300 од неговите највисоки функционери, што претставувало јасно предупредување за сите оние што ќе му се спротивстават на режимот на Ким.

Западните експерти тврдат дека тоа што кинеските власти дозволиле ваков напис да биде објавен во еден од најтиражните кинески весници е очигледен знак дека тие го губат трпението со својот „збеснат“ сосед, пренесува Дејли мејл.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

После 137 години во Гостивар ќе ЗАЅВОНАТ ЅВОНАТА ВО ДУХОТ НА ХРИСТИЈАНСТВОТО на уште еден црковен храм.

После 137 години во Гостивар ќе ЗАЅВОНАТ ЅВОНАТА ВО ДУХОТ НА ХРИСТИЈАНСТВОТО на уште еден црковен храм, а со тоа ќе означат едно ново време,...

И оваа година, хуманитарна трка со гумени Патки во Струга !!

Струга повторно плива во хуманост: Трка со пластични патки на 1 август оваа година, на 1-ви август, Струга ќе биде домаќин на хуманитарната...

Минчев: 40 проценти од Административците или ништо не работат или бараат начин да не дојдат на работа

40 проценти од административците или ништо не работат или бараат начин како да не дојдат на работа, открива министерот за јавна администрација Горан Минчев,...

Денеска сите патишта водат кон манастирот „Свети Наум“ во Охрид.

Денеска сите патишта водат кон манастирот „Свети Наум“ На 3 јули (по нов стил), македонскиот народ го празнува летниот празник на Свети Наум Охридски,...