20.9 C
Ohrid
сабота, јуни 28, 2025
ПочетнаМакедонијаВозачот на комбето во кое се превезувала заразената, се жали на силни...

Возачот на комбето во кое се превезувала заразената, се жали на силни болки во градите.

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Возачот на комбето во кое се превезувала заболената патничка , пред неколку часа е пренесен во изолација во струмичката болница, откако алармирал дека има болки во градите и кашлица. Тој бил спроведен од медицинска екипа со полна заштитна опрема и на него му се прават тестови за корона вирусот, информира доцна попладнево министерот за здравство Венко Филипче.

<

„Пред неколку часата возачот на комбето сигнализирал дека има болки во градите и кашлица по што е спороведен е во болницата во Струмица, од страна на тим со полна заштитна опрема и се наоѓа во изолација. Тој е сам дома, нема никој од семејството, така што немал контакти со никого“, изјави Филипче.

Тој нагласи дека во зависност од тоа какви ќе бидат резултатите ќе се одлучи како ќе се постапува понатаму. Доколку тестот е позитивен тој ќе биде транспортиран да се лекува на Инфективната клиника во изолација, ако е негативен ќе продолжи да се лекува во струмичката болница, на одделение и не во изолација. Министерот рече дека се негативни резултатите кои се чекаа за пациентот од утринава.

Министерот Филипче потенцира дека строгите епидемиолошки критериуми за откажување на јавни собири се однесуваат само на двата карневали во Струмица и Прилеп, како и за спортските натпревари кои треба да се играат без публика. За театарски претстави и други настани на кои нема луѓе од странство рече дека нема потреба да се одложуваат.

Тој нагласи дека ќе се контролираат аптеките за кои имаат дојава од граѓани дека неоправдано ги зголемиле цените на заштитните маски, средства за дезинфекција и друг медицински материјал.

„Во овој момент нема строга епидемиолошка причина да се откаже било кој друг настан. Одлуката да се спореде контрола на цените и количините на заштитни маски и материјали дојде по информациите од граѓани дека се драстично зголемени цените. Не е коректно да се прави така и согласно тоа што ќе се констатира на лице место ќе следуваат мерки за тие што го направиле тоа“, изјави министерот Филипче.

Министерот уште еднаш повтори дека нема простор за паника, будно се следи состојбата од страна на експертите и во зависност од ситуацијата во секој момент може да се воведе нешто друго.

Им се заблагодари на сите лекари, медиумите, претставниците на МВР и сите што деноноќно ја следат ситуација , како и на регионалниот директор на СЗО, Ханс Клуге и преставничката на американската амбасада во Будимпешта која кажа дека нашата држава ги превзема сите мерки за справување и заштита од корона вирусот.

извор: тв нова

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Андоновски: Доаѓа крај на хартиените документи – возачка и лична карта сè на мобилен телефон

На Самитот за дигитализација на Западен Балкан, што ќе се одржи на 1 и 2 октомври во Скопје, официјално ќе биде претставена македонската апликација...

Стружани сами си го поправија дрвениот мост на реката Црн Дрим.

Чекаа реакција од градоначалникот, но залудно – па стружани решија работата да ја превземат во свои раце. Еден од дрвените мостови на шеталиштето покрај...

Таравари: Сегашниот ќе биде и иден градоначалник на Гостивар

Валбон Лимани, актуелниот вршител на должноста вд градоначалник на општина Гостивар, ќе биде кандидат за уште еден мандат, соопштти Арбен Таравари, синоќа на граѓанскиот...

Страшна сообраќајка кај селото Извор-Кичево: Судир помеѓу мерцедес со странски таблички и опел астра со охридски ознаки !!!

На Страшна сообраќајка кај Подмоље: Судир На магистралниот пат А2, во близина на кичевското село Извор- Подмоље, денеска се случи тешка сообраќајна незгода во која учествувале...