17.9 C
Ohrid
петок, јули 26, 2024
ПочетнаСвет„Фејсбук“ ви ја овозможува новата алатка, на 3D фотографии

„Фејсбук“ ви ја овозможува новата алатка, на 3D фотографии

Замислете секоја ваша фотографија да оживее, исто како фотографиите од Хари Потер.

Тоа е новата реалност која „Фејсбук“ сака да ја понуди со воведувањето на новата алатка преку која 3D фотографиите се достапни за сите. Ваквата опција „Фејзбук“ ја воведе во 2018 година, но таа беше доста ограничкувачка, имајќи предвид дека сите фотографии мораа претходно да бидат фотографирани со опцијата “портрет подесување“.

Поддршката за 3D фотографии стана достапна на „Фејсбук“, откако смарт-телефоните со двојни леќи ја популаризираа алатката „портрет подесување“, со која предниот објект во фотографијата е фокусиран, додека позадината е уметнички замаглена. Меѓутоа, отсега „Фејсбук“ самостојно ќе ги употребува податоците во фотографијата за да креира објава во која позадината изгледа како да се движи.

Прочитајте го оригиналното соопштение на „Фејзбук“ за воведување на новата опција.

„Фејсбук“ во своето соопштение ги известува корисниците дека фотографиите со “портрет подесување“ веќе не се потребни. Со помош на АИ, старите и здодевни 2D фотографии ќе може да се приклучат на 3D „треската“. Секоја слика која што ја имате објавено, без разлика колку е стара, ќе може да се обработи преку „Фејсбук“ 3D алатката.

„Системот ја аплицира 3D структурата на секоја фотографија, без разлика дали станува за нова слика фотографирана со обична камера од „Андроид“ или „Иос“, или пак фотографија стара неколку декади која во брзо време сте ја прикачиле на телефон или лаптоп“, пишува во Фејсбук соопштението.

Во своето соопштение, „Фејзбук“ детално објаснува како функционира новиот процес, нудејќи неколку примери за читателите. Објаснето накратко, „Фејсбук“ ја анализира фотографијата и преку поддржани претпоставки ја погодува длабочината на секој пиксел, нешто што претходно беше покриено од користењето на опцијата “портрет подесување“

Единствената замка е тоа што за новата алатка потребен е Андроид со среден или висок квалитет или минимум Ајфон 7. За некои пак, проблем може да биде тоа што алатката функционира само на „Фејсбук“.

Извор: Mashable

spot_imgspot_img
spot_imgspot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Кавадарчанец украл коњи кои требале да учествуваат на „Илиденски марш“

Министерството за внатрешни работи информираше дека вечера во 08.20 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода И.В.(44) од Кавадарци. Кај него бил...

Парите се запленети: Македонски граѓани сакал да внесе скоро 7.000 евра

Царинските службеници од граничниот премин Табановце спречиле обид за нелегално изнесување 6.800 евра од патник кој не пријавил дека носи поголема сума девизи. - Лицето...

Три девојки синоќа барале помош од ЦУК, наишле на диви свињи на Водно

Три девокји синоќа околу 23 часот безбедно биле евакуирани откако на симнување од врвот на Водно имале средба со диви свињи. Тие на бројот...

Почина бебе во Богданци – телото дадено на обдукција

Вчера во 09.10 часот во СВР Струмица, лекар од Итна медицинска помош Гевгелија пријавил дека во Богданци починало машко бебе. Според надлежните, бебето од раѓање...