21.6 C
Ohrid
среда, јули 16, 2025
ПочетнаСветПретседателот на Венецуела, Николас Мадуро бара жените во Венецуела да раѓаат по...

Претседателот на Венецуела, Николас Мадуро бара жените во Венецуела да раѓаат по 6 деца

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Претседателот на Венецуела, Николас Мадуро, им порача на жените дека би требало да имаат по 6 деца за доброто на државата, пренесува BBC.

<

Гостувајќи во ТВ-емисија, каде го промовираше планот за државниот здравствен систем за жените, Мадуро истакна дека жените треба да раѓаат повеќе деца.

„Бог ве благословува кога дарувате живот. Секоја жена би требало да роди по 6 деца за доброто на државата“, вели Мадуро.

Венецуела се бори со голема економска криза што доведе до недостиг на храна и на медицински средства. Според податоците на УНИЦЕФ, од 2013 година до 2018 година дури 13% од децата во земјата се неухранети.

„Болниците не функционираат, нема доволно вакцини, мајките не можат да дојат бидејќи се неухранети, ниту да купат млеко во прав бидејќи е скапо, а земјата се соочува со миграции“, вели Мануела Боливар, опозициска пратеничка.

Среде економска криза, една добротворна организација во 2018 година наведе дека бројот на напуштени бебиња, оставени на улица или во јавни згради е пораснат за 70%.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Вили Гајда: „И покрај болеста, дојде времето повторно да се вратам во прилепскиот затвор”

Уставобранителот осуден за 27 април: Повторно во прилепскиот затвор И покрај сериозните здравствени проблеми со кои се соочувам, дојде време повторно да се вратам зад...

Уапсена докторка во Македонија за примање поткуп !!!

Полициски службеници од криминалистичката полиција на СВР Битола во координација со Јавно обвинителство Битола, попладнево ја лишија од слобода И.Д.(67) од Битола, вработена во...

Сообраќајка кај Битола: Автомобил удри во комбајн

Попладнево се случила сообраќајна несреќа на патот Битола – Прилеп кај клучката с. Тополчани. Според информациите, се судриле автомобил и комбајн. Засега нема информации за повредени.

Полицаец им продавал дрога на затворениците во Идризово.

На 15.07.2025 во Полициската станица Гази Баба, од Казнено – поправната установа Затвор Идризово е пријавено дека при претрес на Х.А.(42) од Скопје, вработен...