1.9 C
Ohrid
недела, ноември 24, 2024
ПочетнаМакедонијаЗаев: Не прифаќам дуел на Алфа, ќе видите зошто, Финансовата полиција има...

Заев: Не прифаќам дуел на Алфа, ќе видите зошто, Финансовата полиција има истрага против вас!

-Не ја прифаќаме на Алфа телевизија, порача денеска Заев на прес конференција.

Кулминираат нападите од страна на СДСМ кон Алфа. Поранешниот премиер Зоран Заев не прифаќа да дојде на дуел со опозицискиот лидер Христијан Мицкоски во Алфа телевизија. Посебна причина за ваквата одлука не даде, само со заканувачки тон порача ќе сме виделе зошто. Поканата на нашата телевизија не беше најдобро прифатена ниту од партиското членство, кое беше присутно на прес конференцијата на лидерот на СДСМ.

-Не ја прифаќаме, не ја прифаќаме на Алфа телевизија, бидејќи вие ќе видите зошто. Јас сум слободољубец, јас сум човек кој верува во вредности, но и сум човек кој го слуша народот, веројатно има причина што вака реагираат. Не знам зошто, проверете зошто. Еве луѓето викаат не, јас не ја прифаќам поканата, изјави Заев.

Заев порача и дека не му се допаѓала уредувачката политика на Алфа, дури и спомена некаква истрага против нашиот медиум, за кои барем ние засега немаме никаква информација. Запрашан за каква истрага станува збор, се поправи дека не станувало збор за истрага, вели мислел на контрола од Финансовата полиција.

-Беше споменато при едно интервју од Финансова полиција дека имало контрола, не знам дали има истрага, дали има предистрага или слично, дека имало контрола порано, изјави Заев.

Алфа го контактираше директорот на Финансовата полиција, Арафат Муареми, но тој ни порача за повеќе детали да сме почекале до утре, бидејќи службите денеска не биле Во можност да одговорат.

За нападите кон медиуми кои што се критички настроени кон работата на власта, реагираше и лидерот на опозицијата, Христијан Мицкоски, кој за ваквите потези на Заев и СДСМ, го известил и претседателот на Националниот совет на австрискиот Парламент, Волфганг Соботка.

-Знаете вчера ваш колега беше осуден, не верувам дека тоа е европско однесување. Се осудуваат новинари коишто се критичари на власта, се напаѓаат медиумите кои што се исто така критичари на власта. Практично имаме една ситуација која личи на се, но не на држава која сака да биде дел од ЕУ, изјави Мицкоски.

Вербалниот напад кон Алфа не беше единствен денеска, физички нападната беше и екипата на порталот Инфомакс, на која и не било дозволено да влезе во прес центарот на СДСМ. Уредникот на Инфомакс, кој вчера беше осуден вели дека целта на Заев е да ги замолчи критичките медиуми пред изборите на 12 април.

-Човекот сам се издаде дека планира пред изборите да прави истраги во Алфа, за да ја пломбира, за да може да се создадат наводно услови за истрага и да не функционираат критичките медиуми до изборите, изјави Александар Митовски.

Инаку денешниот напад на Заев кон Алфа е само еден од многуте кои власта ги упати кон нашиот медиум. Претходно се држеа прес конференции на кои нашата телевизија беше прогласена за антидржавен елемент, кој се финансирал со црни пари, тврдења за кои СДСМ не приложи никакви докази.

Матеја Петровски
тв алфа

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Пронајден е исчезнатиот Виктор Николиќ од Младо Нагоричане

Виктор Николиќ (41) од кумановско Младо Нагоричане кој во петокот беше пријавен како исчезнат е пронајден жив и здрав, во атарот на Пармакови ниви.

Почина Борјанчо Мицевски, поранешен градоначалник на Крива Паланка

На 53 годишна возраст почина Борјанчо Мицевски, градоначалник на Крива Паланка во периодот од 2017 до 2021 година. Оваа жална вест ја соопшти поранешниот МВР...

Автопатот Кичево Охрид ќе се прави и во зима !!!

Денес заедно со министерот за транспорт Aлександар Николски,градоначалникот на Охрид Кирил Пецаков и пратеници во сообранието на Република Македонија извршивме увид во градежните...

Вечерва приведен вработен во Македонски Шуми- Го фатиле како краде дрва !!

Паралелно со производството и пошумувањата низ целата територија на Македонија, ЈП “Македонски Шуми” продолжува со бескомпромисна борба против криминалот, корупцијата и сите нелегални активности...