16.9 C
Ohrid
петок, јули 4, 2025
ПочетнаСветСенаторот Пердју и синот на Трамп- Косово не е за мир и...

Сенаторот Пердју и синот на Трамп- Косово не е за мир и стабилност -нема да ги штитиме повеќе

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Американски сенатор близок до претседателот на САД Доналд Трамп и Доналд Трамп Помладиот ѝ порачаа на Приштина да ги укине царините против Србија, а и навестија дека американските трупи треба да го напуштат Косово.

<

„Повеќе од две децении американските сили помагаат во одржувањето на мирот меѓу Косово и Србија. Сега, со историскиот напредок, Косово мора да го одработи својот дел и да ги укине сите царини наметнати на Србија. Ако Косово не е целосно посветено на мирот, тогаш САД би требало да го преиспитаат своето присуство таму“, напиша на Твитер американскиот сенатор Дејвид Пердју.

Овој твит веднаш го сподели и синот на американскиот претседател Доналд Трамп Помладиот, кој напиша: „Се согласувам. Имаме 650 припадници на војската на Косово. Ајде да ги вратиме дома“, напиша Трамп Помладиот.

Пердју, републиканец од Џорџија, стана првиот директор од листата Форчун 500 кој беше избран во Сенатот.

Додека ја градел бизнис кариерата работел на секој континент, освен на Антарктикот.

Исто како Трамп, Пердју немал политичко искуство сѐ до изборот во Сенатот во 2014 година. Но и не му е непозната политичката сцена, исто како американскиот претседател.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Полицијата го уапси 25 годишниот мотоциклист, кој завчера усмрти пешак на кејот во Скопје

Полицијата го уапси мотоциклистот кој завчера усмрти пешак на кејот во Скопје, на пешачка патека во близина на Паркот на франкофонијата. Откако го прегази...

Адвокат од Косово, со 4 магариња се појави пред собранието

Пред седницата на косовското собрание кое неуспеа и по 41-ви обид да се конституира, адвокатот Арианит Кочи излезе повторно на протест. Овој пат, Кочи...

Стојанче Ангелов предвидува лето со многу пожари

Сезоната на пожари во земјава почна порано и дневно се регистрираат по триесеттина пожари, а денеска активни се четири пожари на територијата на општините...

Повторно искршени гробишта во Подгорци – вандализмот се врати на празникот Св. Наум

Повторно искршени гробишта во Подгорци – вандализмот се врати на празникот Св. Наум. Искршени споменици, уништени крстови и нова доза на тага во селото Подгорци,...