12.9 C
Ohrid
сабота, јули 19, 2025
ПочетнаМакедонијаСе уште не се знае колку жени преку туристичките агенции биле во...

Се уште не се знае колку жени преку туристичките агенции биле во Италија за 8 Март

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција истакна дека се уште не добил информација од стопанските коморите за тоа, колку патници преку туристичките агенции биле во Италија и високоризичните земји на патување за 8 Март.
Министерот вели дека го чека листингот на патниците, но дека до сега тој не е направен и штом ќе го добие ќе ја извести јавноста.
-Како превенција од ширење на корона вирусот, Владата донесе одлука да се забрани превозот со автобуси и комбиња во високоризичните земји. Од Министерство за економија велат дека штетите во туризмот ќе бидат најголеми имајќи ги предвид и резултатите од другите земји.

<

„Според информациите од туристичките комори има значителен број на откажувања или одложувања на најавени групи кај хотелиерите и туристичките агенциите кои работат дојдовен туризам, намален број на индивидуални резервации, значителни откажувања на најавените семинари, конференции и настани, oтсуство на интерес за посети како резултат на претпазливост, намален интерес и отежнати продажби на распишаните аранжмани за сите дестинации, бројни барања за прекин на договор за организирано патување во странство поради претпазливост како и други откажувања, велат од министерството.
По однос на барањата за мерките од Туристичкото стопанство, Министерство за економија бара туристичките здруженија и комори да достават анализа на штетите кои што се предизвикани од откажување на тури, семинари, конференции и продажба на аранжмани и истите да ги достават до Координативното тело кое е веќе е формирано и е составено од претставници од Министерство за економија, Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот како и сите Комори и Здруженија.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Гест за почит: Скопски таксист не му наплати на Јанко – „Фала ти за љубовта кон Македонија“

Колумбиецот Јанко, кој во последните години стана препознатлив по тоа што пее песни на македонски јазик и со својата харизма ја промовира нашата култура...

Каја Шукова кандидат на СДСМ за градоначалник на Скопје

Претседателот на СДСМ Венко Филипче попладнево на прес-конференција објави уште еден дел од кандидатите за локалните избори, по состанокот на Извршниот одбор на партијата,...

Исчезнато 13-годишно девојче е пронајдено кај 33-годишен маж во Џепчиште

Рано утрово во тетовското село Џепчиште, во домот на 33-годишен маж е пронајдено 13-годишно девојче кое мајката претходно го пријавила како исчезнато, соопшти МВР....

Турист од Босна починал на плажа во Охрид.

На 17.07.2025 во 14.25 часот во СВР Охрид е пријавено дека од плажа на брегот на Охридското езеро во Ј.З.У. „Специјална болница за кардио-васкуларни...