15 C
Ohrid
среда, септември 23, 2020
Почетна Македонија Реџепи: Петочната молитва во џамија, другите молитви по дома

Реџепи: Петочната молитва во џамија, другите молитви по дома

Translate (Eng):[gtranslate]

Поглаварот на Исламската верска заедница во Република Северна Македонија, Реис Ул Улема Сулејман Ефенди Реџепи, во ексклузивно соопштение за ТВ Алсат, изјави дека Исламската верска заедница внимателно ја следи состојбата со вирусот корона, и дека ги почитува препораките на Министерството за здравство. Тој во оваа пригода истакна дека петочната молитва треба да се изведува во верски објект, во џамија, додека за другите молитви предложи верниците да ги извршат индивидуално во нивните домови.

„Во заклучокот на Министерството за здравство е наведено дека во секое јавно место каде што можат да се соберат, да се сретнат повеќе од 1.000 луѓе, таму постои можност нешто да може да се протне и пренесе, во однос на коронавирусот. Во нашите џамии може да има максимум 100, 200, 300 луѓе на петочна молитва. Што се однесува до другите молитви, наш предлог е верниците да ги извршуваат дома поединечно. Целата работа е во петочната молитва, која мора да се изврши во јавен објект со имам. И, што сакам да истакнам во оваа пригода е дека никој не треба да стравува дека во џамиите постои можност да се шири вирусот. Џамиите имаат секојдневна дезинфекција.

Сепак, целосното затворање на џамиите, според Реисот, би предизвикало паника кај граѓаните.

РЕКЛАМА

„Ако ние како ИВЗ излеземе со став да ги затвориме џамиите, прво религиозно не е во ред, исламски не е добро, и ми остава впечаток дека тогаш ја создаваме паниката, а да создаваш паника е полошо од коронавирусот“, рече Сулејман Реџепи, поглавар на Исламската верска заедница на Република Северна Македонија.

алсат

- Реклами -