26.9 C
Ohrid
сабота, јуни 28, 2025
ПочетнаМакедонијаБизнис во матно - Маските поскапеа од 3 на 30 денари а...

Бизнис во матно – Маските поскапеа од 3 на 30 денари а еве што се случува и со брашното

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Побарувачката по хируршки маски ги дигна нивните цени во некои аптеки. Некои граѓани за Фактор велат дека во некоја од аптеките низ градов купиле обични хируршки маски по цена од 30 денари, а тврдат дека за нив до пред појавата на коронавирусот се плаќале по три денари. Исто така, некои од поквалитетните маски, кои претходно, на пример, се продавале по 100 денари, сега достигнувале цени и до 370 денари.
А како што е познато, кога изби коронавирусот, Владата ги задолжи Пазарната инспекција и Агенцијата за лекови да преземат мерки доколку утврдат дека има неосновано покачување на цените и злоупотреба на залихите на заштитните средства.
„Ќе се спроведе во целост задолжението до Пазарната инспекција и до Агенцијата за лекови да се направи увид и контрола на залихите на заштитните средства, и доколку се утврди неосновано зголемување на цените, ќе бидат преземени мерки соодветно за законските прописи и овластувања“ се нагласуваше во соопштението.
Фактор праша во Пазарниот инспекторат дали одат на терен и дали проверуваат дали има неосновано зголемување на цените на маските, заштитните средства, или евентуално на некои прехранбени производи. Оттаму велат дека нивни екипи се постојано во теренски проверки, но формирањето на сите цени во аптеките досега е поткрепено со документи, што значи дека наодите се дека се е направено легално.
„Мора да знаеме дека функционираме во услови на пазарна економија.

<

Тоа значи дека цените се формираат пазарно, односно во зависност од понудата и побарувачката. Во земјава нема производство на маски, туку тие се увезуваат од странство. А познато е дека ниту една земја сега не сака да извезува маски, што значи дека нивната цена расте на светскиот пазар“, објаснуваат од Државниот пазарен инспекторат.
Оттаму велат дека тие можат да проверуваат дали цената е зголемена согласно законските прописи. Кога аптеките ќе добијат фактура од увозниците, ги задолжуваат нивните единици да продаваат по тие цени. Се зависи од тоа за колку аптеките ги набавиле маските, каков е нивниот квалитет, дали се еднослојни, двослојни и слично.
„Од јануари досега не најдовме дека некоја аптека неосновано ги зголемила цените. Секаде каде што проверивме, се беше поткрепено со документација“, велат од Инспекторатот.
Од оваа институција нагласуваат дека во моментов на нашиот пазар се уште важи слободно формирање на цените.

„Владата досега не кажала дека се утврдуваат цените на некои производи. Односно, оттаму не кажале цената на маските да изнесува, на пример, максимално 10 денари, и да не смее да се зголеми повеќе од таа цена. Или за цената на заштитните средства, или за цените на брашното. Кога тоа би се случило, сите што продаваат над тие цени, ние би имале основа да ги казнуваме. Во овој случај немаме таков основ“, објаснуваат пазарните инспектори.

За цената на брашното, пак, инспекторите во некои маркети пронашле дека дури тие се намалени во однос на пред два месеци, што се поврзува со движењето на цените на светскиот пазар.
Инаку, за сите наоди од терен, договорено е Пазарниот инспекторат да ја информира Владата и министерот за здравство, Венко Филипче.

Превземено од Фактор

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

По цели 10 години поминати во Австралија, Ненад и Мариа Стојменови решија да го напуштат Мелбурн и да се вратат во татковината.

По цели 10 години поминати во Австралија, Ненад и Мариа Стојменови решија да го напуштат Мелбурн и да се вратат во татковината. Нивната нова...

Стојанче Ангелов: Најдов двајца пилоти, од есен ќе започнат со обука

Директорот на Агенцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, во емисијата „Трилинг“ реферираше дека сите три противпожарни авиони ер-трактори се во функција, со тоа...

Андоновски: Доаѓа крај на хартиените документи – возачка и лична карта сè на мобилен телефон

На Самитот за дигитализација на Западен Балкан, што ќе се одржи на 1 и 2 октомври во Скопје, официјално ќе биде претставена македонската апликација...

Стружани сами си го поправија дрвениот мост на реката Црн Дрим.

Чекаа реакција од градоначалникот, но залудно – па стружани решија работата да ја превземат во свои раце. Еден од дрвените мостови на шеталиштето покрај...