18.7 C
Ohrid
четврток, јули 3, 2025
ПочетнаСветВо Франција затворени музејот „Лувр“, дворецот Версај и туристичката атракција Ајфеловата кула

Во Франција затворени музејот „Лувр“, дворецот Версај и туристичката атракција Ајфеловата кула

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Културниот живот во Франција ќе замре деновиве по одлуката на Владата за забрана на собири со повеќе од 100 луѓе поради што музејот „Лувр“, дворецот Версај и туристичката атракција Ајфеловата кула, ќе ги затворат вратите за посетителите.

<

Францускиот премиер, Едуар Филип, изјави дека забраната за собири ќе стапи во сила веднаш за да се спречи ширењето на коронавирусот. Оваа забрана за собирање влијае на богатиот културен живот во Франција, особено на театрите, кината, други културни настани, но и на туристичките атракции.

Администрацијата на парискиот „Лувр“ најави дека музејот ќе биде затворен денеска. На оние што однапред купиле билет, ќе им бидат вратени средствата. Версај, кого го посетуваат десет милиони луѓе годишно, ја применува истата мерка. Замокот е затворен, но посетителите ќе може да ги видат градините и парковите.

Управата на Ајфеловата кула одлучи да го следи примерот и ќе биде затворена од 21 часот вечерва до понатамошно известување. Претставите, како и локалните културни фестивали, се откажани во цела Франција.

Францускиот претседател, Емануел Макрон, синоќа изјави дека првиот круг од локалните избори ќе се одржи в недела. Во Франција се заразени речиси 3.000 луѓе, а повеќе од 60 починале од вирусот.

makfax

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

После 137 години во Гостивар ќе ЗАЅВОНАТ ЅВОНАТА ВО ДУХОТ НА ХРИСТИЈАНСТВОТО на уште еден црковен храм.

После 137 години во Гостивар ќе ЗАЅВОНАТ ЅВОНАТА ВО ДУХОТ НА ХРИСТИЈАНСТВОТО на уште еден црковен храм, а со тоа ќе означат едно ново време,...

И оваа година, хуманитарна трка со гумени Патки во Струга !!

Струга повторно плива во хуманост: Трка со пластични патки на 1 август оваа година, на 1-ви август, Струга ќе биде домаќин на хуманитарната...

Минчев: 40 проценти од Административците или ништо не работат или бараат начин да не дојдат на работа

40 проценти од административците или ништо не работат или бараат начин како да не дојдат на работа, открива министерот за јавна администрација Горан Минчев,...

Денеска сите патишта водат кон манастирот „Свети Наум“ во Охрид.

Денеска сите патишта водат кон манастирот „Свети Наум“ На 3 јули (по нов стил), македонскиот народ го празнува летниот празник на Свети Наум Охридски,...