24.9 C
Ohrid
понеделник, август 11, 2025
ПочетнаМакедонијаДебар во карантин: Полицијата започна со контрола на влезот и излезот од...

Дебар во карантин: Полицијата започна со контрола на влезот и излезот од Дебар и Центар Жупа Видео)

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Од вечерва започна контрола на влез и излез во општината Дебар. Полицискиот пунк е поставен кај браната Маврово, а движењето го контролираат припадници на ЕБР и ПЕП. На жителите на Дебар им е дозволен влез, но сите оние кои се од други општини добиваат предупредување дека нема да им биде дозволен излез додека трае кризната состојба. Инаку од СВР Охрид информираа дека веќе е направен посебен план за функционирање во општините Дебар и Центар Жупа.

<

 

Во СВР Охрид и ОВР Дебар, изработен е оперативниот план со прецизни детали во однос на тоа како ќе функционираат полициските службеници во рамки на овие општини, каде е прогласена кризната состојба. На терен се преземаат интензивни активности за контрола на патнички и други моторни возила за влез во Дебар и Центар Жупа, се дозволува влез само на лица кои се жители на општините а истовремено оневозможен е и строго забранет излез на сите граѓани затекнати на подрачјето на двете општини.

Предвидена е координација за непречен дотур на храна, лекови, средства за лична хигиена и други потреби за граѓаните во двете општини. Лицата затекнати на подрачјето кои не се жители на двете општини, треба да се обратат до Регионалниот центар за управување за кризи со седиште во Локалната самоуправа, на кои, ќе им биде обезбедено сместување и се друго што им е потребно за непречен и безбеден престој.

sitel

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Пред да исчезне во водите на Охридско езеро објавил фотографии

52-годишниот жител на Пловдив, Илија Танчев, е Бугаринот кој исчезна во Охридското Езеро. Во петокот тргнал кон Охрид, објави 4NEWS.mk На својот Фејсбук профил објавил...

Началникот ќе биде разрешен: Внатрешна контрола констатира непрофесионално однесување !!

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека Одделот за внатрешна контрола при МВР, по извршени проверки во врска со објавеното видео за време...

Ново убиство ја потресе Македонија- Телото на убиениот сеуште е во автомобилот.

Едно лице е убиено откако беше нападнато со огнено оружје при тешкиот инцидент што се случи денеска во Тетово, информира ТВ21. Неофицијално, убиството е извршено...

Се запали глисер на брегот на Охридското Езеро.

Денеска попладне во туристичката населба Елешец, на брегот на Охридското Езеро, избувнал пожар на глисер. Според првичните информации, огнот брзо се проширил, а густ чад...