22.9 C
Ohrid
недела, јули 20, 2025
ПочетнаСветТој го предизвикал хаосот во Њујорк: Адвокат заразил 50 лица со коронавирус,...

Тој го предизвикал хаосот во Њујорк: Адвокат заразил 50 лица со коронавирус, а не знаел

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Во државата Њујорк е воведена вонредна состојба за да се спречи понатамошно ширење на коронавирусот.
Еден адвокат во Њујорк заразил дури 50 лица со коронавирус, па се смета дека е одговорен за епидемијата на вирусот во овој град.
Како што открил гувернерот на државата Њујорк Ендру Куомо, станува збор за Лоренс Гарбуз, кој работи како адвокат во близина на “Grand Central Station” на Менхетн, пренесува “news.com.au”.

<

Гарбуз заразил 17 луѓе за два дена, откако неговиот 20-годишен син, 14-годишна ќерка и сопругата исто така биле позитивно на коронавирусот. Соседот кој го однел во болница исто така е инфициран, заедно со пријател, сопругата на тој пријател и нивните три деца. Според наводите на медиумите, ден по тој настан, осум лица кои имале врска со Гарбуз биле заразени со коронавирус.

Куомо потоа открил дека биле откриени уште 23 случаи кои исто така се во врска со њујоршкиот адвокат. Останатите заразени се членови на конгрегацијата “Young Israel Congregation of New Rochell” на која присуствувал Гарбуз, како и две лица кои работеле на кетерингот на тој настан.

„Не го обвинувајте моето семејство”

Сопругата на Гарбуз, Адина Луиз Гарбуз, апелирала на социјалните мрежи луѓето да не го обвинуваат нејзиното семејство.

„Се надевам дека името Гарбуз нема да биде поврзани со ширењето на вирусот, туку со спречувањето на оваа инфекција. Мојот сопруг би бил сигурно ужаснат ако знае дека е во центарот на вниманието поради ова. Лесно е да се биде исплашен, верувајте ми, моето семејство беше жртва на нерационално однесување на други луѓе. Луѓето во пералната за алишта не сакаа да ги услужат моите деца, иако немаат коронавирус”, истакнала таа на Фејсбук.

Поради ширењето на коронавирусот, Куомо бил принуден да прогласи вонредна состојба во таа сојузна држава, и поради тоа се затворени училиштата, црквите, а забранети се и јавни собори.

„Ова е прашање за живот и смрт”, рекол Куомо, додавајќи дека ова што се случило со адвокатот е “феномен”.

Izvor Press24

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Вечерва e пронајдено безживотно тело близу познат хотел во Охрид.

Вечерва околу 19:50 часот службите за итна медицинска помош и екипи од Министерството за внатрешни работи (МВР) извршија увид на рампата што води кон хотелскиот...

Богојески: Не бев разрешен, дадов оставка, но уште сум директор

Ниту сум разрешен од директор на Националната агенција, ниту се шетам со државни пари, ниту е испратено писмо од ЕУ! Јас поднесов оставка од...

Мицкоски: Околу 1100 -1200 работници работат по целата траса на автопатот до Охрид

Во овие 8 месеци работат на потегот од Климештани до Охрид над 400 камиони, над 100 булдожери од различни типови се вклучени исто така...

Градоначалникот Пецаков и пратеникот Сашо Донев, на чествување на Св. Недела во село Плаќе.

Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, заедно со пратеникот Сашо Донев, секретарот на Општина Охрид Александар Китески и бројни верници, денес присуствуваа на одбележувањето на...