9.4 C
Ohrid
петок, март 29, 2024
ПочетнаМакедонијаГрадоначалникот на Дебар: Ситуацијата воопшто не е добра, но се надевам дека...

Градоначалникот на Дебар: Ситуацијата воопшто не е добра, но се надевам дека ова зло за брзо време ќе исчезне.

Градоналачникот на општина Дебар, Хекуран Дука е шеф на Оперативниот штаб во Дебар, откако беше прогласена кризна ситуација поради ситуацијата со корона вирусот.

Во обраќање пред медиумите и до целата јавност, тој откри дека ситуацијата воопшто не е добра, но и дека се надева ова зло за брзо време ќе исчезне.

-Моментално од општина Дебар има 16 позитивни на корона вирусот, 45 луѓе се наоѓаат во домашна излоација, а имаме и 110 „заробени“ граѓани, кои не се од Дебар, туку во моментот кога беше затворен влезот и излезот, биле на територија на општината. Помеѓу тие луѓе има државјани од други држави, но и од Македонија. Сите се сместени во нашите капацитети за сместување и сите трошкови ќе ги плати владата на Македонија ,- изјави Дука.

Дука побара од сите граѓани да не се обидуваат да влезат или излезат од Дебар, да ги почитуваат препораките од Влада. Сите кои се сомнителни и не се сигурни дали имаат вирус се контролирани од страна на МВР.

Во Дебар има и две екипи кои се грижат за дезинфекција на целиот град, улиците, контенјерите, но и самите простории каде претходно имало луѓе. Дука кажа дека снабдувањето на потребните продукти се одвива нормално и нема потреба за паника.

Прес-конференција пред еден час имаше Венко Филипче, кој меѓу другото истакна:

Состојбата на пациентите, сите 13 коишто се сместени на Клиниката за инфективни (не ја броиме првата пациентка), се во стабилна состојба, идентична на таа што беше во текот на вчерашниот ден. Првата пациентката од Дебар само е на респираторна машина, но со подобри знаци.

Сите други пациенти се со лесна клиничка слика. Сите се сместени во одделот за изолација.

Имаме 7 нови матерлијали кои се работат, пациенти од Штип, Куманово, Тетово, Кичево и Охрид. Дел од нив биле во Швајцарија, Австрлија и Германија. После неколку денови враќање развиле висока температура. Во текот на денот ќе бидат готови резултатите.

Две родилки исто така се испитуваат, двете од Дебар, кои што се испитуваат. Не се пред пораѓање, но внимателноста е на високо ниво.

Во државата има околу 120 респираторни машини, околу 90 во Скопје. На денешниот координативен состанок донесовме повеќе одлуки.

Целиот медицински персонал, во сите јавно здравствени установи, но и во приватните – ги мобилизираме и ги ставаме на располагање. Благодарност до приватните болници кои ги ставија целосните капацитети на располагање уште минатата недела.

Детската болница во Козле ќе се спреми да прими деца заболени од вирусот. Сите хоспитализирани деца ќе бидат префрлени на клиниката за педијатрија.

Во текот на ноќта во Дебар и Центар Жупа се поминало во мирен ред, немало никакви прекршоци на мерките од Владата. Се дезинфецираат сите возила при влез и излез. Покрај Центар Жупа и Дебар, силно ги замолувам граѓаните на Струга, Охрид и Кичево да се придржуваат до овие правила.

Сите функции на банките се одвиваат најнорнално, телеком мрежите преку СМС известуваат за состојбите и изразувам благодарност.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Сашо Донев, Лидија Петкоска и Грација Бакраческа кандидати за пратеници од Охрид

Извршниот и Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ ги усвои пратеничките листи на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за наредните парламентарни избори. На листата во петтата изборна единица има...

Села оди во коалиција со Ахмети, очекува најмалку пет пратенички мандати

Алијанса на Зијадин Села оди во коалиција со Али Ахмети. Со само еден делегат против било одлучено АА да стапи во коалиција со ДУИ...

Тепачка помеѓу вработени во болница во Карпош

Вчера во здравствена установа на подрачјето на Карпош во Скопје, по претходни недоразбирања, настанала физичка пресметка помеѓу Р.М.(43) и В.Р., од Скопје, двајцата вработени...

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи или младински организации. Како што...