12.9 C
Ohrid
петок, мај 9, 2025
ПочетнаМакедонијаЕмотивна разделба на доктор со семејството во Дебар.

Емотивна разделба на доктор со семејството во Дебар.

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Екипата на ФАКТОР.МК денес беше во дебар каде се сретна со Примариус доктор Драган Клопчевски кој е специјалист интернист од Дебар, кризната состојба во Дебар во петокот вечерта ја дочека во Скопје каде живее со семејството.

<

По саботата која му беше слободна утрово повторно се враќа во дебарската болница. Мината недела имал четири ноќни дежурства, така ќе биде и неделава. Но оваа недела нема да се враќа кај сопругата и децата во Скопје. Можеби нема и подолго затоа што работи во дебарската болница.

Денеска во градот кој е во кризна состојба стигна со посебен протокол. На влезот на градот има полиција и влезот е ограничен.

Клопчевски пешки го помина мостот, па мораше да чека ново санитетско возило, затоа што првото се чистеше. До таму го испрати сопругата. Емоциите се силни, ама за докторот нема дилема дека сега е времето кога треба да помогне.

Од Дебар со семејството сега ќе се слуша само телефонски. Вели дека сите доктори даваат натчовечки напори да помогнат во оваа ситуација.

Влезот во градот не е дозволен. Д-р Клопчевски има посебна пропусница.

А.Т. Фактор.мк

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Во Штип убиство и пукање во единственото кафуле на плоштадот во градот

Штипјани се видно вознемирени поради вечерашните случувања во централното градско подрачје. Според информациите од терен едно лице е усмртено со пиштол во единственото кафуле на...

Честитка од премиерот Мицкоски за изборот на новиот папа Лав XIV

Премиерот Христијан Мицкоски во негово и во име на Владата го честита изборот на новиот поглавар на Римокатоличката црква папата Лав XIV. - Изборот на...

Американецот Роберт Превост е новиот папа – Неговото ново име е Лав XIV

Откако над Систинската капела беше пуштен бел чад, што означуваше дека кардиналите го избраа 267-от поглавар на Римокатоличката црква, беше објавено кој е новиот...

Пуштен бел чад: Избран е новиот папа!

Бел чад е испуштен од оџакот на Сикстинската капела што значи дека е избран нов папа. Кардиналите попладнево одлучиле за наследник на папата Франциск односно...