16.9 C
Ohrid
сабота, јули 27, 2024
ПочетнаМакедонијаБензинските пумпи станаа нови врталишта -откако се затворија кафичите и ресторантите -

Бензинските пумпи станаа нови врталишта -откако се затворија кафичите и ресторантите –

Како обични граѓани загрижени за сопственото и за здравјето на македонските граѓани, но и како членови на одговорен политички субјект, укажуваме дека и полицијата треба активно да помага во доследно спроведување на мерките и препораките на Министерството за здравство пишува група граѓани наречени – Демократи. Со редовни посети на бензинските пумпи кои имаат кафулиња и укажување дека во кафулињата не смее да се седи и да се групираат, Полицијата ќе го намали ризикот од ширење на корона вирусот меѓу македонските граѓани. Воедно треба да ги опомене или казни прекршителите на мерките и препораките на Министерството за здравство донесени во интерес на зачувување на здравјето на сите граѓани на Македонија.

Како ДЕМОКРАТИ сметаме дека сѐ додека не се воведат поригорозни мерки за граѓаните од страна на Владата, битката со ширењето на корона вирусот ќе биде помалку успешна од очекуваното или потребното.

Вечерва, во 22.10 часот, на бензинската пумпа на Макпетрол во Карпош 3-Скопје глетката беше поразителна. Неодговорното однесување на некои граѓани е несфатливо, но исто така е несфатливо и однесувањето на раководството на Макпетрол кое треба да се ангажира во заштита на здравјето на своите вработени. Фотографиите направени пред половина час покажуваат дека македонските граѓани се крајно несериозни кон своето и туѓото здравје, што е за секоја осуда.

spot_imgspot_img
spot_imgspot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Кавадарчанец украл коњи кои требале да учествуваат на „Илиденски марш“

Министерството за внатрешни работи информираше дека вечера во 08.20 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода И.В.(44) од Кавадарци. Кај него бил...

Парите се запленети: Македонски граѓани сакал да внесе скоро 7.000 евра

Царинските службеници од граничниот премин Табановце спречиле обид за нелегално изнесување 6.800 евра од патник кој не пријавил дека носи поголема сума девизи. - Лицето...

Три девојки синоќа барале помош од ЦУК, наишле на диви свињи на Водно

Три девокји синоќа околу 23 часот безбедно биле евакуирани откако на симнување од врвот на Водно имале средба со диви свињи. Тие на бројот...

Почина бебе во Богданци – телото дадено на обдукција

Вчера во 09.10 часот во СВР Струмица, лекар од Итна медицинска помош Гевгелија пријавил дека во Богданци починало машко бебе. Според надлежните, бебето од раѓање...