26.9 C
Ohrid
сабота, јули 19, 2025
ПочетнаМакедонијаПендаровски: Јасно е, кризата ќе трае – ресурсите треба паметно да ги...

Пендаровски: Јасно е, кризата ќе трае – ресурсите треба паметно да ги искористиме

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

По речиси два часа седница, Советот за национална безбедност на кој се разгледуваше ситуацијата со корона вирусот во земјата, донесе едногласна одлука, дека се уште е рано и не треба да се избрзува со донесување на кризна или вонредна состојба.

<

Пендаровски упати апел до сите граѓани и уште еднаш им порача на сите да ги почитуваат мерките, затоа што тоа е најлесен начин да се запре ширењето на корона вирусот.

-Заклучокот за Центар Жупа и Дебар е дека имаме одлична соработка меѓу сите министерства, но и одлична соработка со локалната самоуправа. Во оваа прилика, им се оддава посебно признание на граѓаните на овие две општини, – рече претседателот Пендаровски.

-Општ беше заклучокот да не избрзуваме со прогласување на кризна состојба на цела територија или пак вонредна состојба.

Владата ќе одржи итна седница, на кои не е исклучено дека може да бидат донесени и друг сет мерки, неофицијално се шпекулира дека може да се донесат дел од следните мерки:

Управните служби да работат со променето работно време, односно во Скопје од 07:30 – 18:00, а во останатите градови од 07.30-16.30. Одлуката ја предлагаме врз основа на анализата на посетеност во изминатите денови.

Со мерките за прекин на Владата да се вклучат и автошколите и Испитните центри

Армијата целосно да го преземе обезбедување на зелената граница и тоа на подрачјето на ПС за граничен надзор Блато и ПС за граничен премин и надзор Џепчиште, со цел полициските службеници од Граничната полиција да се стават во функција на граѓаните од регионот каде е прогласена кризна состојба

Ресурсите на јавните претпријатија, пред се во делот на теренски возила да се стават на располагање на Министерството за внатрешни работи

На сите гранични премини, вклучувајќи го и скопскиот аеродром на сите лица кои влегуваат во нашата држава да им биде врачена наредба и формулар за изјава за самоизолација.

Коментари

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Од утре низ охридските улици ќе има полициски службеници од Србија.

Полициски службеници на Министерството за внатрешни работи на Србија од утре заедно со нивни колеги од македонското МВР ќе патролираат низ улиците на Охрид. Станува...

Скопјанец низ Кичево возел со 3,15 промили алкохол во крвта.

На 18.07.2025 година во 13.47 часот, на кружната крстосница „Млин“ во Кичево, лишен од слобода е Б.К.(48) од Скопје. При контрола во патниот сообраќај,...

Ќерката на Гоце Тодоровски со потресна порака: „Легендо моја и македонска ниту национална пензија не ти дадоа“

Ќерката на нашата актерска легенда, Гоце Тодоровски, Сашенка Тодоровска, со потресна порака го искажа разочарувањето од третманот на нејзиниот татко, со кого пораснаа генерации. Во...

Автопатот Скопје-Тетово затворен во двата правци

Автопатот Скопје – Тетово е целосно затворен за сообраќај во двата правци, информира директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов. Граѓаните се повикуваат...