0.9 C
Ohrid
понеделник, декември 23, 2024
ПочетнаСветАмериканците го започнаа првото тестирање на пациентка, за скоро време ќе ја...

Американците го започнаа првото тестирање на пациентка, за скоро време ќе ја има и вакцината против корона.

spot_img

Американските истражувачи денеска му ја вбризгаа првата доза на првото лице во склоп на тестирањето експериментална вакцина против коронавирус – почнувајќи ја светската потера по заштита од вирусот додека пандемијата се шири.

Со внимателно вбризгување во рамото на здрав волонтер, научниците од Вашингтонскиот истражувачки институт Кајзер Перманенте во Сиетл ја почнаа нетрпеливо очекуваната прва фаза на проучувањето за потенцијална вакцина за ковид-19 развиена во рекордно време откако новиот вирус експлодира од Кина и се рашири низ целиот свет.

Водач на истражувањето на Кајзер Перманенте е д-р Лиза Џексон.

Асошиејтед прес вели дека по првиот, уште тројца волонтери чекале да бидат тестирани. На крај, 45 волонтери ќе добијат по две дози, во растојание од еден месец.

Денешниот пресврт го означува почетокот на серијата студии врз луѓе потребни за да се докаже дали вакцините се безбедни и дали би можеле да функционираат. Дури и ако истражувањето оди добро, вакцината нема да биде достапна за широка употреба 12 до 18 месеци, рече д-р Ентони Фаучи од американскиот Национален институт за здравство.

Сепак, наоѓањето вакцина „е итен приоритет на јавното здравство“, рече денеска Фаучи.

Потенцијалната вакцина, со кодно име мРНА-1273, е развиена од страна на Националниот институт за здравство и биотехнолошката компанија со седиште во Масачусетс „Модерна инк.“. Нема шанси учесниците да се заразат од инјекциите во оваа фаза, бидејќи тие не го содржат самиот коронавирус.

Некои од внимателно избраните здрави доброволци во истражувањето, на возраст од 18 до 55 години, ќе добијат поголеми дози од другите за да се тестира колку се силни вакцините. Научниците ќе проверат дали има несакани ефекти и ќе извлечат примероци од крв за да проверат дали вакцината го обновува имунолошкиот систем, во потрага по охрабрувачки знаци како тие што Институтот претходно ги нашол кај вакцинирани глувци.

„Не знаеме дали оваа вакцина ќе предизвика имунолошка реакција, или дали ќе биде безбедна. Затоа вршиме тестирање“, истакна Џексон. „Не е во фаза кога е можно или претпазливо да ѝ се даде на општата популација.“

Повеќето од вакцините чие истражување се спроведува на глобално ниво се фокусирани на протеинот што е соодветно наречен „шилец“, кој ја боде површината на новиот коронавирус и му дозволува да ги нападне човечките клетки. Блокирајте го тој протеин и луѓето нема да се заразуваат.

Истражувачите од Институтот го копирале делот од генетскиот код на вирусот што содржи упатства за клетките да го создадат протеинот-шилец. „Модерна“ ја спакувала таа „ДНК“ во вакцина.

Идејата: телото ќе стане минифабрика, произведувајќи го безопасниот протеин-шилец. Кога имунолошкиот систем ќе го забележи непознатиот протеин, тој ќе направи антитела за да го нападнат – и да бидат подготвени да реагираат брзо ако лицето подоцна се сретне со вистинскиот вирус.

МКД

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Тик Ток веднаш изреагира за забраната: Во Албанија одлучуваат Албанците, вели Еди Рама !!

По информациите дека кинеската интернет компанија БајтДенс, во чија сопственост е платформата Тик Ток, ќе побара „итно појаснување од албанската влада“ во врска со...

Горан Пандев назначен за спортски директор на македонските репрезентации

Македонската фудбалска легенда, Горан Пандев е назначен за спортски директор на сите македонски репрезентативни селекции. - Илија Најдоски, еден од великаните на македонскиот фудбал, заедно со...

Баба од Скопје го тепала внукот со тврд предмет.

Во полициска станица во Скопје од 25-годишна жена било пријавено дека во семејниот дом кој се наоѓал на подрачјето на Бит Пазар нејзинот малолетен...

„Петардите не се играчка“, превентивна активност на СВР Охрид

„Петардите не се играчка“, превентивна активност на СВР Охрид Вчера (21.12.2024 ) полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Охрид и волонтерите од Црвениот...