17 C
Ohrid
вторник, септември 22, 2020
Почетна Свет Сите го гледаат спасот во Кина, овој пат испрати осум тони медицински...

Сите го гледаат спасот во Кина, овој пат испрати осум тони медицински материјали во Грција

Translate (Eng):[gtranslate]

Со специјален лет на „Air China“, утрово во Атина пристигнаа осум тони медицински материјали и опрема, помош од Кина за Грција, а беа пречекани и примени од неколку министри од грчката Влада, јави дописничката на МИА од Атина.

Станува збор еден милион медицински и хируршки маски, медицински ракавици, заштитни очила, медицински заштитни комбинезони, заштитни очила, за еднократна употреба и сл, наменети за грчките болници.

Половина од помошта е од кинеската Влада, а другата половина од кинеската компанија „State Grid“, која поседува 24 отсто од акциите во грчкиот независен оператор за пренос на електрична енергија.

РЕКЛАМА

На малата свеченост на примо – предавањето на помошта на атинскиот аеродром, од грчката Влада присуствуваа министрите за здравство, за енергија и животна средина, државниот министер, алтернативниот министер за надворешни работи, како и генералниот секретар за меѓународни економски односи во грчкото МНР, додека пак од кинеска страна, амбасадорката на Кина во Атина.

Министерот за здравство на Грција, Василис Кикиљас и алтернативниот шеф на грчката дипломатија Милтиадис Варвициотис истакнаа дека е особено важна помошта од Кина.

сител

- Реклами -