14.6 C
Ohrid
вторник, септември 22, 2020
Почетна Македонија Трајан Димковски: Земјоделците слободно може да работаат, земјоделските аптеки нема да бидат...

Трајан Димковски: Земјоделците слободно може да работаат, земјоделските аптеки нема да бидат затворени

Translate (Eng):[gtranslate]

И покрај вонредната состојба во која се наоѓа државава поради коронавирусот, активносите во земјоделството продолжуваат. Се сервисираат услугите кон производителите, субвенциите редовно се исплаќаат и интензивно се работи на изнаоѓање решенија за сите новонастанати проблеми како што е извозот на јагнето, рече денеска министерот за земјоделство, шумарство и иводостопанство, Трајан Димковски.

Димковски од прес-конференција во Владата уште еднаш упати порака до граѓаните дека храна има, дека целата прехранбена индустрија е мобилизирана и дека нема простор за паника.

Воведена е забрана за извоз на пченица и брашно до 30 април, земјоделските производи на зелените пазари може да се продаваат, но само ако се почитуваат владините препораки во делот на одржувањето хигиена и пропишано растојание меѓу луѓето од еден метар.

РЕКЛАМА

Транспортот на стока не е забранет и ќе се одвива под посебни безбедносни протоколи. Во моментов, истакна Димковски, МНР со министерствата за надворешни работи од другите држави работи на изнаоѓање зеднички протокол за транспорт, со кој ќе се овозможи непречен проток на стоки. Со воведување заеднички протокол, потенцира, транспортот ќе се одвива непречено.

Од безбедносни причини, сточните пазари се затворени, а движењето на пратки со животни може да се врши само ако животните се правилно идентификувани и придружени со валиден сертификат за здравствена состојба на животните.

– Нашата држава се наоѓа во најтешкиот период и се соочува со најголемиот предизвик – справување со глобалната закана за здравјето на луѓето – вирусот КОВИД-19. Наша примарна задача е да го заштитиме јавното здравје. Состојбата е вонредна, но тоа не значи дека треба да сопрат земјоделските активности и работата на министерството и другите надлежни институции во делот на сервисирање на услугите кон земјоделците, напомена министерот.

Забраната за извоз на пченица, потсети, е со цел да се спречи какво било нарушување на состојбите на пазарот во земјата и да се обезбедат доволни количини брашно.

Истакна и дека МЗШВ интензивно работи на изнаоѓање решение за откупот на јагнето, бидејќи шпицот е за околу 10-тина дена.

-Нашата намера е јагнето да биде извезено. Во моментов извозот во Италија се одвива забавено, поради проблемот што го имавме со транспорот. Во постојна комуникација сме со откупувачите, и освен традиционалните пазари како Италија, Хрватска, Грција, се бараат и други алтернативни пазари за извоз на јагнето. МЗШВ ќе ја следи состојбата, и секако доколку има потреба, со соодвтени мерки ќе им помогне на сточарите да ги покријат загубите, коишто ќе бидат донесени заеднички и во комуникација со сточарите и откупувачите на јагне, рече Димковски.

МЗШВ, додаде, е во постојана комуникација со министерствата за земјоделство од другите земји со цел размена на искуства и преземање мерки во агросекторот следствено на оние кои ги преземаат земјите-членки на ЕУ. Ако има потреба, интервентно ќе се делува за да се менаџираат сите новонастанати и непредвидливи состојби.

-Ова е период кога треба сите да покажаме општествена одговорност и заеднички да ги почитуваме препораките на Владата, за заштита од вирусоткорона и негово ширење во нашата држава. Упатувам посебна поддршка до здравствените работници, армијата, полицијата и сите кои учествуваат во заштита на јавното здравје. Упатувам поддршка и до вработените во супермаркетите, аптеките и сите кои се на работните места за да ги опслужат потребите на граѓаните, рече министерот за земјоделство, Димковски.

МИА

- Реклами -