16.9 C
Ohrid
вторник, јули 22, 2025
ПочетнаМакедонијаТекстилните работници и работнички веднаш да бидат пуштени од работа – изолацијата...

Текстилните работници и работнички веднаш да бидат пуштени од работа – изолацијата во спротивно нема никаков ефект

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

До порталот think.mk пристигнала порака од читател од Делчево кој испраќа порака како што вели до сопствениците на фабриките кои уште работат под полна пареа:

<

Ви пишувам бидејќи сум загрижен пред се за здравјето на моите најблиски, но потоа и за сите други личности односно поради тоа што сите ние мораме да упатиме апел да се почитуваат препораките и одлуките на Владата, со цел подобро да се заштитиме и да се справиме во борбата против коронавирусот.

Имено, во нашиот град Делчево поточно во нашите текстилни фабрики (можеби постојат исклучоци) работниците и работничките уште одат на работа со извршување на својата работна обврска од 7 часот наутро па се до 15:00 часот. Како што ви пративме пред некој ден, после работа истите заминуваат да извадат пари, по што се прават големи гужви пред банките, банкоматите, но и пред самите маркети. Со тоа директно се загрозува здравјето на сите граѓани односно жители на град Делчево. Не можам да разберам која е логиката на изолација или самоизолација доколку еве некого од семејството кој комуницира со таа личност секојдневно излегува од својот дом и комуницира со други лица, на работа, по маркети и слично?

Упатувам сериозен апел до институциите – не си играјте играчки! Да се стави веднаш забрана за функционирање на ваквите фабрики бидејќи во нив работат стотици, илјадници работници и работнички кои секојдневно комуницираат едни со други, а потоа заминуваат од работа и своето комуницирање го продолжуваат со луѓе од потесното семејство, но и роднини и соседи.

Време е да покажеме зрелост, бидејќи после може да биде доцна!

think.mk

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Трагедија во Албанија: Македонски државјанин се удави на плажа кај Драч!

Во близина на албанскиот град Драч, на плажата кај Каваја, попладнево трагично животот го загуби 66-годишен македонски државјанин. Како што информира албанската полиција, несреќата се...

Од ДУИ велат дека за локалните избори имаат сигурна победа.

Денес, Претседателот на Демократската унија за интеграција, г‑дин Али Ахмети, свика редовна седница на Централното Претседателство, на која се разгледаа актуелните политички случувања во...

Бујар Османи е кандидат на ДУИ за градоначалник во Чаир

Поранешниот министер за надворешни работи и портпарол на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Бујар Османи, ќе биде кандидат за градоначалник на скопската општина Чаир,...

Ресорт Бате Боле слави 1 година постоење со голема роденденска забава

Првиот роденден на Resort Bate Bole е повод за голема прослава — и вие сте поканети! На 26 јули, со почеток во 21:00 часот, ве...