33.9 C
Ohrid
недела, август 10, 2025
ПочетнаМакедонијаОд клиниката за детски болести го демантираат настанот со малата Бисера.

Од клиниката за детски болести го демантираат настанот со малата Бисера.

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Универзитетската Клиника за детски болести – Скопје, испрати соопштение до медиумите со кое сака да ја информира јавноста за видео снимката која денеска се појави на социјалната мрежа Фејсбук, каде родители на мало бебе се жалат на медицинскиот персонал.

<

Снимката е направена на едно од одделенијата на Клиника за детски болести – Скопје на неа се гледа бебе кое тешко дише и притоа родителите ги коментираат и ги обвинуваат со имиња и презимиња лекарите за нејзината состојба.

Од Клиниката за детски болести во соопштението наведуваат дека мајката на бебето, во четвртиот месец од бременоста заболела од варичела. Направени се тестирања за можни последици по плодот, коешто семејството никогаш не ги подигнало.

-Имајќи предвид дека станува збор за комплексна ситуација, а со цел јавноста да добие целосна слика за случајот со пациентка, сакаме да дадеме и наш став во однос на денешната снимка. Имаме целосно разбирање за болката на родителите и со нив сме постојано последниве шест месеци. Мајката на бебето, во четвртиот месец од бременоста заболела од варичела. Направени се тестирања за можни последици по плодот, коешто семејството никогаш не ги подигнало.

И покрај познатите медицински оправдани стравувања по евентуални последици по плодот, мајката решила да го роди детето, без разлика на последиците. Токму како последица од варичелата, бебето се родило со комплетно нарушен имунолошки систем, односно не можност да се одбрани од бактерии ниту вируси. Колку е ослабен имунитет покажува и фактот дека од самото раѓање детето било само неколку дена дома во рок од шест месеци. Направени се сите современи испитувања што само ја потврдуваат дијагнозата дека детето е родено со последица од варичелата додека мајката го носела плодот- наведуваат оттаму.

Комплетно ја разбираме нервозата на родителите, велат од Детската клиника, се обидуваме да помогнеме колку што можеме, но ситуацијата се менува секојдневно, а грижа за детето има постојано. Во секој момент на располагање се докторите на Клиниката кои досега повеќе пати отворено разговараат со родителите за состојбата на детето.

Во овие тешки времиња за сите здравствени работници сакаме да повториме дека целиот медицински тим на Клиниката за детски болести во Скопје деноноќно се бори за најмалите. Нивниот живот за нас е приоритет и тука не треба да има ниту најмал сомнеж појаснуваат од таму.

Во прилог уште еднаш ви го прикажуваме видеото на мајката Александра.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Началникот ќе биде разрешен: Внатрешна контрола констатира непрофесионално однесување !!

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека Одделот за внатрешна контрола при МВР, по извршени проверки во врска со објавеното видео за време...

Ново убиство ја потресе Македонија- Телото на убиениот сеуште е во автомобилот.

Едно лице е убиено откако беше нападнато со огнено оружје при тешкиот инцидент што се случи денеска во Тетово, информира ТВ21. Неофицијално, убиството е извршено...

Се запали глисер на брегот на Охридското Езеро.

Денеска попладне во туристичката населба Елешец, на брегот на Охридското Езеро, избувнал пожар на глисер. Според првичните информации, огнот брзо се проширил, а густ чад...

,,Градоначалникот Пецаков на уникатното автомобилско шоу под охридското небо”

Вечерва, под отвореното небо на нашиот прекрасен град, се одржа третото издание на Night Car Show, каде на едно место се собраа заедно сите...