24.9 C
Ohrid
понеделник, август 11, 2025
ПочетнаМакедонијаИ покрај што нема никаква раздвиженост низ Скопје воздухот е и понатаму...

И покрај што нема никаква раздвиженост низ Скопје воздухот е и понатаму загаден.

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Инспекциите немаат сознанија што е причината на високото загадување на воздухот во Скопје измерено синоќа во текот на ноќните часови. Од Државниот инспекторат за животна средина, во чија надлежност се контролите над големите индустриски капацитети во градот, со А интегрирани дозволи, велат дека вршат редовни контроли според планот за месец март, иако имаат скратено работно време поради епидемијата со корона вирусот.

<

„Сите субјекти кои се во наша надлежност, кои редовно ги контролираме, во текот на месецов загадувале во рамките дадени со закон, немало пречекорувања кај ниеден од нив“, вели Хусни Тачи од ДИЖС.

Државниот Инспекторат не може да каже кој е причинител или причинители на аерозагадувањето кое синоќа, во услови на ниски температури и дожд повеќе часови достигна вредности над 100 микрограми на кубен метар на ПМ 10 честичките.

„Работиме до 16.30 часот, со намалем обем на работа поради корона-вирусот, а потоа имаме пасивни дежурства“, вели Тачи, кој додава дека не е утврдено дека причинители се големите загадувачи и дека, на пример во Аеродром и Лисиче, каде биле регистрирани повисоки вредности на ПМ 10 честичките воопшто и нема големи индустриски капацитети.

„Редуцирани сме со кадар бидејќи дел од инспекторите се дома поради тоа што училиштата не работат па мораат да ги чуваат децата, а потешкотија е и тоа што се уште ја немаме добиено дозволата нашите тимови да работат и после стартот на полицискиот час, по 21 часот“, вели Мирослав Богдановски, раководител на инспекциските служби на Град Скопје.

Ниту Богдановски не можеше да даде конкретен одговор за тоа кој бил загадувач или загадувачи синоќа, но најави засилени контроли во наредниот период. „Штом ја добиеме дозволата, ќе продолжиме и со ноќните смени и со вонредните инспекции во вечерните часови“.

Граѓаните вчеравечер и денес претпладне алармираа за покачени вредности на ПМ 10 честичките на повеќе мерни места во Скопје, при што во Центар и во Лисиче тие достигнаа и до 120 мг/м3. Партијата ДОМ побара од надлежните органи да ги утврдат причините за загадувањето на воздухот во Скопје.

мета.мк

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Пред да исчезне во водите на Охридско езеро објавил фотографии

52-годишниот жител на Пловдив, Илија Танчев, е Бугаринот кој исчезна во Охридското Езеро. Во петокот тргнал кон Охрид, објави 4NEWS.mk На својот Фејсбук профил објавил...

Началникот ќе биде разрешен: Внатрешна контрола констатира непрофесионално однесување !!

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека Одделот за внатрешна контрола при МВР, по извршени проверки во врска со објавеното видео за време...

Ново убиство ја потресе Македонија- Телото на убиениот сеуште е во автомобилот.

Едно лице е убиено откако беше нападнато со огнено оружје при тешкиот инцидент што се случи денеска во Тетово, информира ТВ21. Неофицијално, убиството е извршено...

Се запали глисер на брегот на Охридското Езеро.

Денеска попладне во туристичката населба Елешец, на брегот на Охридското Езеро, избувнал пожар на глисер. Според првичните информации, огнот брзо се проширил, а густ чад...