17.9 C
Ohrid
вторник, април 16, 2024
ПочетнаСветБојко Борисов: „Јас не можам да ги затворам црквите“, бидеќи само Господ...

Бојко Борисов: „Јас не можам да ги затворам црквите“, бидеќи само Господ е тој што ќе не спаси од сето ова.

„На митрополитите им кажував, кога ќе ми се јавеа, а и јас им се јавував – да направат се возможно, колку што се може, мирјаните да се пораздалечени, да ги дезинфицираат иконите и просторот каде што луѓето се собираат. Да ги преземат сите можни мерки и Господ да ни помага“ – рече на својот брифинг Премиерот на Бугарија Бојко Борисов.

Овој одговор му беше испровоциран од новинарско прашање за продолжувањето на сериозните мерки за социјално дистанцирање до 12 април, како и за претстојните велигденски празници.

„Од оваа криза само Господ може да не извади, така што и во однос на оваа тема, тоа е моето мислење. Знам дека многу атеисти велат: затворете ги црквите. За сè друго имам волја, имам смелост, но ова не можам јас да го направам“, додаде уште Премиерот Борисов.

Досега бугарската држава упатила кон бугарската црква само вербални препораки, но единствено Светиот Синод има овластување да ги затвори храмовите.

религија.мк

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

За една година затворени 14 училишта во Македонија

За една училишна година се затвориле четиринаесет основни училишта, покажуваат бројките кои ги објави Државниот завод за статистика. „Според податоците на Државниот завод за статистика,...

„ДИРЕКТОРОТ НА ТОКСИКОЛОГИЈА СИ ЈА ВРАБОТИЛ СНААТА“: Новинарот Фуркан Салиу со уште еден „упад“ во клиника, овој пат обвинува за непотизам на Токсикологија

Новинарот Фуркан Салиу во уште едно видео за ПорталХ, обвинува дека директорот на Клиниката за Токсикологија си ја вработил снаата. „Директорот заборавил дека ја вработил...

Пендаровски: За мене сите се еднакви во Македонија.

За мене сите се еднакви во Македонија вели претседателот Стево Пендароваки. Денеска во Ранковце си подадовме рака со активистите на ВМРО-ДПМНЕ и на противкандидатката...

Откриен мотивот за нападот во црква во Сиднеј

Австралиската полиција во вторникот соопшти дека нападот со нож врз епископот на асирската црква и некои следбеници во Сиднеј бил терористички акт мотивиран од...