13.9 C
Ohrid
четврток, март 28, 2024
ПочетнаМакедонијаПотресно сведоштво: Пациентката ни умираше во раце, а во охридската болница не...

Потресно сведоштво: Пациентката ни умираше во раце, а во охридската болница не сакаа ни да ни отворат врата…

За овој срам што го доживеав, ќе зборувам гласно се’ додека дишам, денот кога ја дадов заклетката дека ќе лечам без оглед на се’ за мене е светост-но не и за лекарите од инфективното одделение во охридската болница кои не оставија 3 часа надвор, на ниска температура со пациент во исклучително лоша состојба- трогателна исповест на доктор Рушка Демиши која од петни жили се обидувала да спаси но не еден, туку два животи.

27-ми март, ден како и секој, доктроката Демиши која работи во итната медицинска помош во Лабуништа тргнала на работа да ја одработи ноќната смена, кога добила повик од семејство на пациентка со веќе констатирана пневмонија дека нејзината здравствена состојба се влошила.Веднаш,почитувајќи ги сите пропишани протоколи се упатиле во општата болница во Струга, каде после прегледот од страна на интернист, со упат во рака тргнале во Охрид, со цел да ја примат на инфективното одделение. Но наишле на затворена врата, со дежурната докторка комуницирале преку малечко прозорче до врата, но кога слушнала дека се работи за пациент од Лабуништа, одбила да ги прими бидејќи како што рекла се работи за подрачје сомнителни на коронавирус.

-Пациентката ми беше на кислород цело време во комбе, воопшто не ја извадив од комбе затоа што беше многу ладно, а врата не се отвори, никако не се отвори. Воопшто не е прегледана пациентката од страна на инфектолозите во инфективно одделение во Охрид, значи за време на тие 3 часа пациентката остана во комбе. Морав во комбето да одржам одредена температура зошто уште ладните температури да ми ги осетеше, ќе ја изгубевме пациентката, сите резерви на кислород реков ми се потрошени ве молам пациентака е упатена на брис. Викат директорката одбиват траспорт на пациентката,ние не можеме да ја транспортираме, ќе ја оставиме болницата без тим. Слушајте реков ваму јас сум одговорна за терен од околу 20.000 жители јас не можам, да ги оставам, нема кој да ги покрива – вели Демиши.

Не помогнале нити очајните зборови на семејството да ја примат до изутрина, па протоа тие сами ќе ја однесат во Скопје,оти веќе започнал полициски час и не можеле ноќта да ја носат.

После три часа молење, во безизлез, итната медицинска помош со пациентката се вратила во Вевчани, каде со дозвола на директорот на Здравствен дом Вевчани, тргнале за Скопје.

И тука не е крајот на голготата, истата ноќ болницата од Охрид одби да ја прими пациентката од село Татеши, која подоцна почина.

Значи две пациенти носиме од нашиве терени, едно возило јас,едно возило струшката болница што не сакаа да ги примат на инфективно и пациентката во Татеши не доби ни можност да дојде до Клиника за инфективни болести Охрид, умре дома. Кажете ми сега што заслужи таа жена во нејзиниот живот за не добие никаков третман? Ако мојата пациентка беше прифатена од страна на инфектолозите јас на време ќе имав пратено комбе Вевчани, Вевчани на свој ризик ќеја земеа таа од Татеши ќе ја носеа секаде, до каде што ќе живееше до таму. Ако јас тазе дипломиран доктор и направив на пациентката комплетен преглед,па засрами се ти со искуство што седиш од драгата страна на прозорот да не заболиш, а воопшто не ни знаеме дали пациентката е позитивна или не – вели Демниши.

На ваквиот неодговорен однос на колегите од Охрид и нивната несовесност реагирале и докторите на инфективната клиника во Скопје, затоа што воопшто не ги информирале дека пратиле пациентка на нивната клиника каде треба да се хоспитализира.

тв:alfa

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Дуел Ковачевски-Мицкоски на трети април!

Во Среда на 3 април, ден пред стартот на предизборната кампања за претседателските и парлемнатрните избори, Канал 5 телевизија ќе има чест да ви...

Ангелов: Ако победи СДСМ би работел за нив и како експерт, ама за плата од 5.000 евра

Прашан дали, ако СДСМ победи на изборите, ќе го напушти ВМРО-ДПМНЕ и ќе се врати во СДСМ, Стојанче Ангелов, претседателот на партијата „Достоинство“ синоќа...

Илија Јовановиќ: Бебиња се евидентирале како мртви и се продавале на други?!

Дома СКОПСКА СКОПСКА Бебиња се евидентирале како мртви и се продавале на други?! Од страна на Вечер -27/03/2024 - 15:08420 Илија Јовановиќ, претседател на здружението „Градиме...

Автопатот Кичево – Охрид како легендата за Радин мост – Дење го градат, ноќе паѓа

Автопатот Кичево – Охрид станува историски, како Радин Мост во Кратово. Според легендата, го ѕидале девет браќа. Дење го граделе, ноќе паѓал. За да го...