13.9 C
Ohrid
петок, јули 4, 2025
ПочетнаСветЕве каде на планетата нема заразени од корона вирусот

Еве каде на планетата нема заразени од корона вирусот

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

COVID-19 погоди повеќе од 500.000 луѓе ширум светот и доведе до илјадници смртни случаи. Но, се уште постојат неколку далечни места каде вирусот не заразил ниеден човек.

<

Едно такво место е Палау, сместено во северниот Тихо Океан. Има 18.000 жители, но уште не е забележан ниеден позитивен случај на COVID-19.

Точката во океанот чиј најблизок сосед е на 100 километри, е окружена со огромниот Тихи океан, кој делувал како тампон против вирусот.

 

Строгите ограничувања во патувањата исто така помогнале во задржување на инфекцијата на патот за бројни нации и региони, вклучувајќи ја Тонга, Саломоновите острови, Маршаловиот остров и Микронезија.

Различната група ја сочинуваат и Самоа, Туркменистан, Северна Кореја и бази на Антарктик.

Но, далечината не е сигурна да го спречи немилосрдниот марш на новата болест. Островите Северна Марија ги потврдиле своите први случаи во текот на викендот, по што уследил сомнеж во смртен случај во понеделникот.

“Можете да почувствувате раст во тензијата и анксиозност само при купување”, изјавил 28-годишниот уметник Кламиокл Тулоп за AFP.

Тој се надева дека може да се избегне судбината на Вухан, Њујорк или Мадрид – таму каде се пречекорени здравствените услуги со подобри ресурси.

На Палау имало неколку стравувања, вклучувајќи потенцијален случај кој ставил едно лице во карантин додека властите ги чекаат резултатите од тестовите.

Овие стравови и глобалното ширење на болеста довеле до економска парализа на островот.

Меѓу рафтовите во супермаркетите во најголемиот град Корор е невиден метеж, а недостасуваат и средства за чистење на раце, маски и алкохол.

Островот многу зависи од робата која се увезува, што значи дека резервите можат брзо да се намалат. Целиот текст  во Точка

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Полицијата го уапси 25 годишниот мотоциклист, кој завчера усмрти пешак на кејот во Скопје

Полицијата го уапси мотоциклистот кој завчера усмрти пешак на кејот во Скопје, на пешачка патека во близина на Паркот на франкофонијата. Откако го прегази...

Адвокат од Косово, со 4 магариња се појави пред собранието

Пред седницата на косовското собрание кое неуспеа и по 41-ви обид да се конституира, адвокатот Арианит Кочи излезе повторно на протест. Овој пат, Кочи...

Стојанче Ангелов предвидува лето со многу пожари

Сезоната на пожари во земјава почна порано и дневно се регистрираат по триесеттина пожари, а денеска активни се четири пожари на територијата на општините...

Повторно искршени гробишта во Подгорци – вандализмот се врати на празникот Св. Наум

Повторно искршени гробишта во Подгорци – вандализмот се врати на празникот Св. Наум. Искршени споменици, уништени крстови и нова доза на тага во селото Подгорци,...