23.1 C
Ohrid
среда, август 13, 2025
ПочетнаМакедонијаСпасовски: Граѓаните знаеја дека ќе бидат ослободени од рати, но не и...

Спасовски: Граѓаните знаеја дека ќе бидат ослободени од рати, но не и од каматите во банките и кај извршителите.

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Иако банките најавија одложување на кредитите за три до шест месеци, дилема е во јавноста дали граѓаните се доведуваат во заблуда ако се знае дека за тој период ќе се пресметува камата по каматна стапка предвидена во самиот договор.

<

Премиерот Оливер Спасовски вечерва во емисијата Топ тема на телевизија Телма објаснува дека граѓаните не се доведуваат во заблуда затоа што, тврди техничкиот премиер, тој дел од мерката бил соопштен од самиот почеток

– Треба да водиме сметка посебно кога станува збор за банкарскиот систем во државата. Дека е во добра кондиција, е во добра кондиција, дека треба да направиме се за да го одржиме во добра кондиција е исто многу важно. Затоа ги носиме одлуките вака, затоа во секојдневните консултации со Народна банка и со банкарскиот сектор решивме да се помогне на овој начин, секоја од банките да изврши одложување на плаќањето од 3 до 6 месеци. Точно е дека во овој момент нема предвидено да нема камата или да не се стопира каматата, но сепак треба да имаме предвид дека треба да се одржува ликвидноста. За една држава е многу важно да има ликвиден банкарски систем, можеме да донесеме секаква одлука но не смееме да донесеме одлука со која ќе се загрози здравите системи коишто сега ги имаме – вели тврди Сапсовски.

Спасовски рече дека владата не сака да носи избрзани решенија кои ќе му наштетат на цел еден сектор.

– Сега во државата се посакува никој ништо да не плаќа, никој за ништо да не се грижи во овој момент, државата се да подмири и на физичките и на правните лица. Тоа не е можно – рече тој.

Спасовски не исклучува да има нови ограничувања во контекст на мерките за заштита од ширење на заразата со коронавирус и додава дека тоа ќе зависи од однесувањето на граѓаните.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Тела на двајца Срби и на еден Македонец пронајдени во црни вреќи

Двајца Срби и еден Македонец, беа убиени во прсметка на нарко-картел во Јужна Америка.Телата на двајца Срби и еден Македонец убиени во Јужна Америка,...

Ohrid Water Festival 2025: Две недели спорт, рекреација и култура на Охридското Езеро

Со денешната прес конференција заедно со претседателот на „Ohrid Water Festival“, Никола Вретоски, го најавивме овогодинешното издаени кое ќе се одржи од 16 до...

Не сум исчезната, премажена сум: Пресврт во случајот со исчезнатата жена од неготинско Војшанци

Јас сум жива и здрава, не сум исчезната, туку се премажив, со овие зборови до нашата редакција се обрати жена која тврди дека е...

Македонец осуден на осум години затвор во Бугарија и казна од 50.000 лева

Бугарските медиуми денеска известуваат дека Окружното обвинителство во Ќустендил спроведе судски акт кој стапи на сила, со кој 34-годишниот Г.Н., државјанин на Северна Македонија,...