14.9 C
Ohrid
недела, август 10, 2025
ПочетнаСветТажно -Чувајте го за младите-одбила респиратор и починала

Тажно -Чувајте го за младите-одбила респиратор и починала

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

90-годишна пациентка почина во Белгија после заразата со коронавирус затоа што одбила докторите да ја приклучат на респиратор – таа им рекла да ја чуваат машината за некој помлад пациент.

<

Сузан Хојлаерс од местото Бинком во Белгија била хоспитализирана на 20-ти март откако нејзината здравствена состојба поради коронавирусот нагло се влошила. Била сместена во изолација, што значи дека ниту нејзиното семејство не можело да ја посети.

„Не сакам на респиратор, чувајте го тоа за младите пациенти. Јас веќе имав добар живот“, им рекла Сузан на докторите.

Два дена подоцна таа починала. Нејзината ќерка Џудит за белгиски “Het Laatste Nieuws“ изјавила: „Немав шанса ниту да се збогувам со неа, не смеам ниту да одам на нејзиниот погреб“.Ќерката на починатата изјавила дека семејството е изненадено и воопшто нема претстава како Сузан се заразила со коронавирусот, со оглед на тоа што константно била дома и внимателно ги следела сите пропишани мерки.

Според последните податоци, Белгија има 705 смртни случаи како последица на коронавирусот, а во оваа земја е регистрирано и најмладото лице кое што починало од Ковид-19. Станува збор за 12-годишно девојче кое деновиве почина од вирусот.

Точка

 

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

,,Градоначалникот Пецаков на уникатното автомобилско шоу под охридското небо”

Вечерва, под отвореното небо на нашиот прекрасен град, се одржа третото издание на Night Car Show, каде на едно место се собраа заедно сите...

Митрополитот Иларон му го додели чинот протојереј на отец Димитар Арсовски

Во манастирот посветен на Свети Пантелејмон во селото Пантелеј, Кочанско, митрополитот Брегалнички г. Иларион одржа свечена богослужба на која му додели чин протојереј на...

Нуркач од Бугарија исчезна во водите на Охридското Езеро !!

На 09.08.2025 годна во 13.15 часот, во СВР Охрид и езерската полиција е пријавено дека, И.Т.(52) од Република Бугарија, исчезнал при нуркање на длабочина...

Не постоела наредба за приведување на директорката од Демир Хисар

Поради сомневање за кривично дело Фалсификување и уништување деловни книги, Министерството за внатрешни работи – ОВР Демир Хисар, по барање на Основното јавно обвинителство...