21.9 C
Ohrid
вторник, јули 15, 2025
ПочетнаСветСеверна Кореја се пофали дека нема ниту еден заболен на коронавирус.

Северна Кореја се пофали дека нема ниту еден заболен на коронавирус.

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

СВЕТСеверна Кореја тврди дека сè уште нема ниту еден случај на коронавирусОбјавено пред 33 минути – 2 април, 2020Од Макфакс

<

Северна Кореја нема ниту еден случај на заболен со новиот коронавирус, изјави висок функционер од Министерството за здравство, додека некои земји се сомневаат дека во земјата нема заболени.

Северна Кореја на крајот на јануари целосно ги затвори границите и воведе строги мерки.

Директорот на епидемиолошката служба во Државниот институт за борба со епидемијата, Пак Мионг Су, рекол дека таквиот успех е постигнат благодарение на вложените напори.

„До сега никој не е заразен со коронавирус во нашата земја“, рекол Пак за „Франс прес“.

„Презедовме превентивни и научни мерки, како што се инспекции, сместување во карантин на сите кои влегуваат во земјата, темелна дезинфекција на стоката, затворање на границите и укинување на поморскиот и воздушниот сообраќај“, навел Мионг Су.

Само неколку земји во светот, повеќето изолирани острови и со војна опустошени земји, не известија за ниту еден случај за болеста Ковид-19.

Светската здравствена организација објави денес дека овие денови ќе биде надминат бројот од милион потврдени случаи во светот. Досега починаа повеќе од 47.000 луѓе.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Командант “БАРУТИ” од домашен, оди во затворски притвор !!!

Кривичниот суд денеска одлучи да му се замени домашниот со затворски притвор на напаѓачот на скопската градоначалничка Арсовска. „Имено, С.Љ. осомничен за кривичното дело Насилство...

За прв пат во Македонија изречена казна затвор за убиство на Куче !!!

Кривичниот суд денеска ги осуди Љубе Крстевски и Бранко Билбиловски за убиството на кучето Феликс, кое почина на 7 јануари 2025 година од последици...

Кривична пријава за доктор од Струга.

ОВР Струга поднесе кривична пријава против К.С.(42) од Струга, лекар во Општа болница во Струга, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело...

На 36 години почина македонскиот гитарист и професор Кристијан Волчев

Загуба за македонската култура и музика Македонската музичка сцена остана без еден од своите најталентирани и најпосветени уметници – Кристијан Волчев. На само 36 години,...